Ќерим Мемедали Хоџа (албански: Qerim Memedali Hoxha; , - , ) — македонски писател за деца, публицист и новинар.

Животопис Хоџа е роден во 1924 година во струшкото село Радолишта. Основно училиште завршил во Струга, а средно во Скопје. Прво работел во просвета, а потоа бил новинар во „Флака е велазеримит“. Бил уредник во списанијата за деца „Гезими“ и „Фатоси“. Сметан е за основоположник на книжевноста за деца на албански јазик во Македонија.

Библиографија Песни, 1952 (заедно со Љутви Руси); Кај изворот, 1960; Кога дува ветерот, 1962; Нашите дни, 1979; Кажи ми го името, 1989.

Наводи

Категорија:Луѓе од Радолишта Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски публицисти Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски Албанци