Нуруосманлиската џамија () — османлиска џамија која се наоѓа во реонот на Фатих во Истанбул, Турција.

Архитектура

Нуруосманлиската џамија се смета за еден од најдобрите примери на османлиската архитектура која била изградена во стил на барок. Џамијата се наоѓа во близина на Големата чаршија, Столбот на Константин и џамијата Атик Али Паша. Нејзини архитекти се Мустафа Ага и Симон Калфа.

Нејзината изградба започнала во времето на султанот Махмуд I во 1748 година а завршила во времето на неговиот брат и наследник Осман III во 1755 година. Архитектите при изградбата освен што користеле барокни елементи, тие исто така ја изоставиле и традиционалната фонтана (турски: шадирван).

Молитвената сала се состои од купола со пречник од 25 метри, има две минариња со две тераси. Висината на куполата е 43,50 метри од нивото на подот. Целиот комплекс (кулије) содржи турбе, медреса, имарет и библиотека со вкупно 7,600 тома од кои 5000 се ракописи.

Поврзано

Исламска архитектура Список на џамии Османлиска архитектура

Наводи Nuruosmaniye Complex at ArchNet.org

Надворешни врски слики од џамијата

Категорија:Џамии во Фатих Категорија:Архитектура од 18 век Категорија:Барокна архитектура