Ивана Младеновска (, ) — македонска сликарка.
Животопис
Младеновска е родена на 9 април 1986 година во Скопје. Основното образование го завршува во Јурумлери, а во 2004 година завршува во Државното средно училиште „Раде Јовчевски-Корчагин” во Скопје. Високото образование го стекнува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, сликарски отсек во класата на Проф. Вело Ташовски, насока реставрација и конзервација, каде во 2008 е прогласена за студент на генерацијата. Живее во скопско Јурумлери. Добитник е на наградата Димитар Кондовски за сликарство на 56. годишна изложба на ДЛУМ за 2009 година.
Изложби
2008 - Белград, СКЦ Нов Белград 2004 - Скопје, Дом на АРМ, со арт студио Линеа 2006 - Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски”, Peace One Day, со арт студио Линеа 2006 - Марибор, Македонски културен центар 2007 - Струга, Центар за култура „Браќа Миладиновци” 2007 - Струга, Ликовен центар „Еурохотел” 2007 - Охрид, Ликовен центар „Глигор Прличев” 2007 - Белград, Ликовен центар „Петрико” 2007 - Струмица, Центар за култура „Антон Панов” 2007 - Њујорк, MC Gallery 2007 - Њујорк, Ликовен центар „Tazo” 2008 - Скопје, Дом на АРМ, ИЛК „Сета таа музика-боја на звукот, звукот на бојата” 2008 - Велес, ИЛК „Сета таа музика-боја на звукот, звукот на бојата” 2007 - Белград, со ИЛК „Сета таа музика-звук на бојата, боја на звукот” 2007 - Кочани, проследена со групна изложба 2007 - Њујорк, со ИЛК „Сета таа музика-звук на бојата, боја на звукот” 2008 - Берово, проследена со групна изложба 2009 - Скопје,МКЦ 2009 - Прилеп, центар за култура „Марко Цепенков“ „Балканска перцепција на европскиот идентитет“ Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Јурумлери Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Добитници на награди за уметност