Анѓел Тодоров Пеев (Стојаково, Гевгелиско, ) — македонски дигестивен хирург, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на Клиниката за дигестивна хирургија.
Животопис Пеев е роден во гевгелиското село Стојаково на 16 јули 1930 година. Завршил Медицински факултет и специјализација по општа хирургија во 1964 година во Скопје и супспецијализација по дигестивна хирургија во Лондон, Англија во 1973 година. Докторирал на темата „ПГВ во лекувањето на дуоденалниот улкус“. Вовел ваготомија кај дуоденалниот улкус, сопствена модификација кај најтешкиот облик пилорна стеноза, шантови операции кај портална хипертензија, радикална панкреато-дуоденална ресекција и ресекции на панкреасот. Ја вовел неагресивната лапароскопска хирургија во 1992 година.
Библиографија Автор е на 83 научни трудови. Лапароскопска билијарна хирургија, Скопје, 1995.
Наводи
Категорија:Луѓе од Стојаково Категорија:Македонски хирурзи Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски хирурзи Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Професори на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје