Стивен Едвин Кинг (роден ) — американски писател на современа хорор, научнофантастична, фантастична литература и сценарија. До 2006 година, продадени се повеќе од 350 милиони копии од романите и колекциите на раскази на Кинг, а многу од неговите приказни се адаптирани во филмови, телевизија и други медиуми.Breznican, Anthony (September 3, 2019)."Life Is Imitating Stephen King's Art, and That Scares Him" . New York Times. Retrieved September 3, 2019. Кинг има напишано неколку книги под псевдонимот Ричард Бахман и еден краток расказ, „Петтата четвртина“, како Џон Свитен. Во 2003 Националната литературна фондација на Кинг му го додели Медалот за докажан придонес во американската литература.
Младост
Кинг е роден во Портланд, Мејн, син на Нели Рут (родена Пилсбури)Ancestry of Stephen King at Genealogy.com. Retrieved August 3, 2010. и Доналд Едвин Кинг. Кога Кинг имал 2 години, неговиот татко, кој бил морнар-трговец, ја напуштил семејството со изговорот „одам да си купам кутија цигари“, оставајќи ја жена му сама да ги одгледа Кинг и неговиот постар посвоен брат Дејвид, понекогаш под тешки финансиски услови. Семејството се селеше во Де Пер, Висконсин; Форт Вејн, Индијана; и Стретфорд, Конектикат. Кога Кинг имаше единаесет години, семејството се врати во Дурхем, Мејн, каде Рут Кинг се грижеше за нејзините родители до нивната смрт. Таа потоа стана снабдувач во локална установа за лица со ментални недостатоци.
Како дете, Кинг наводно бил сведок како еден негов другар е удрен и убиен од воз, иако не се сеќава на настанот. Неговот семејство му кажало дека откако испаднал да си игра со момчето, Кинг се вратил, нем и во шок. Подоцна семејството дознало за смртта на неговиот другар. Некои негови критичари сугерираат дека овој настан психолошки ги инспирирал некои од помрачните дела на Кинг, но тој самиот ја отфрла таквата идеја.
Основната инспирација на Кинг за пишување хорор белетристика е наведена до детаљ во 1981 во неговато нефиктивно дело Danse Macabre, во поглавјето насловено „An Annoying Autobiographical Pause“. Кинг прави компарација на успешнота техника на вујко му за пронаоѓање вода под земја со користење на две гранчиња од јаболкница со ненадејната идеја што тој сака да прави за да заработува. Додека раскревале на таванот со неговиот постар брат, Кинг пронашол книга на Х.Ф. Ловкрафт, збирка раскази што припаѓала на неговиот татко. Илустрацијата на корицата од чудовиште кое се крие под надгробен камен во вдлабнатината на пештера која изгледа како пеколот била, како што пишува, „моментот во мојот живот кога пронаоѓањето вода ненадејно потона... што се однесуваше до мене, бев на правиот пат.“
Образование и рана креативност
Кинг учел во основното училиште во Дурхем и завршил средно училиште во Лисбон Фолс, Мејн. Покажал ран интерес за хорор како редовен читател на EC хорор стриповите, како Tales from the Crypt (подоцна оддава почит кон стриповите во неговото сценарио за Creepshow). Почнал да пишува од забава додека бил на училиште, придонесувајќи статии за Dave's Rag, весникот што неговиот брат го издавал со мимеографска машина а подоцна почнал да продава стории на неговите пријатели засновани на филмови што ги имал изгледано (иако откако бил откриен од наставниците, бил приморан да им ги врати парите). Првата негова приказна издадена независно беше „I Was a Teenage Grave Robber“, издадена во три објавени изданија и едно необјавено издание на Comics Review, во 1965. Приказната беше објавена наредната година во скратена форма „In a Half-World of Terror“ во друг магазин, Stories of Suspense, од уредникот Марв Волфмен.
Од 1966, Кинг студираше англиски на Универзитетот во Мејн, каде дипломираше во 1970 диплома по англиски јазик. Напиша колумна за студентскиот весник, The Maine Campus, насловена „Steve King's Garbage Truck“, земал часови по пишување организирани од Бартон Хетлен, и прифаќаше чудни работни места за да си ги плати студиите, како таа во индустриска перална. Ја продаде својата прва оригинална приказна, „The Glass Floor“, на ‘‘Startling Mystery Stories‘‘ во 1967. Библиотеката на Универзитетот во Мејн содржи многу ракописи на Кинг.
По завршувањето, Кинг доби дозвола да предава во средно училиште, но бидејќи не можеше да најде работно место во моментот, во почетокот заработуваше со продавање на раскази на списанија за мажи како Cavalier. Многу од овие први приказни беа објавени во колекцијата Night Shift. Во 1971, Кинг се ожени со Табита Спрус, колешка од Универзитетот во Мејн, која ја сретнал во библиотеката на Универзитетот по едно предавање на професор Хатлен. Таа есен, Кинг беше вработен како наставник во Академијата Хампден во Хампден, Мејн. Продолжил да испраќа раскази за магазини и работел на идејата за романи. Во овој период Кинг се здоби со проблем со алкохолот, кој се задржа кај него повеќе од една декада.
Успехот со Carrie
На Денот на мајките, 1973, романот на Кинг, Carrie беше прифатен од издавачката куќа Doubleday. Кинг пишувал како се обесхрабрил кога се обидел да развие идеја за девојче со психичка моќ во роман од која на почетокот мислел да се откаже бидејќи идејата му се видела многу детска, но жена му, Табита, ја спасила идејата и го охрабрила да го заврши романот.King, Tabitha, Introduction to Carrie (Collector's Edition) Plume 1991 Добил $2,500 однапред (не е многу за роман, дури и во тоа време) а правата за книгата заработиле $400,000, од кои пола отишле кај издавачот. Кинг и неговото семејство се преселиле во јужен Мејн заради лошото здравје на мајка му. Во тоа време, тој почнал да пишува книга насловена Second Coming, подоцна пренасловена како Jerusalem's Lot, пред на крајот да го смени насловот во 'Salem's Lot (објавена 1975). По издавањето на ‘‘Carrie‘‘ во 1974, неговата мајка умира од рак на матката. Неговата тетка Емрајн ѝ го прочитала романот пред да умре. Кинг пишувал за неговиот сериозен проблем со пиењето во тоа време, тврдел дека бил пијан кога читал пофалба на погребот на мајка му.
По смртта на мајка му, Кинг со семејството се преселиле во Бадлер, Колорадо, каде Кинг го пишува The Shining (објавена 1977). Семејството се вратило во западен Мејн во 1975, каде Кинг го комплетира својот четврт роман, The Stand (објавен 1978). Во 1977, семејството на кратко отпатувало за Англија, се вратило во мејн следната есен каде Кинг почнал со предавање за творечко пишување на Универзитетот во Мејн. Оттогаш Кинг живее во Мејн.
Книгите The Dark Tower
Во доцните 70-ти, Кинг започна серија на поврзани приказни за осамен пиштолџија, Роланд, кој се нарекува „Човекот во црно“ во алтернативно-реален универзум што е помеѓу Средната земја на Џ.Р.Р.Толкин и американскиот див запад од шпагети-вестерните на Клинт Иствуд и Серџо Леоне. На почетокот беа објавени во пет продолженија од The Magazine of Fantasy & Science Fiction под уредништво на Едвард Л. Ферман, со почеток од 1977 до 1981. Ќе биде проодлжено како книга од 7 дела наречена The Dark Tower која ќе биде пишувана и издавана одвреме-навреме низ 4 декади, од 1970-те до 2000-те.
Во 1982, печатницата на Доналд М. Грант (познат по издавањето на цел репертоар на Роберт Е. Хауард) ги испечати овие приказни за првпат заедно во книга со тврди корици во боја и со црно-бели илустрации од Мајкл Велан, како The Dark Tower: The Gunslinger. Секое поглавје беше насловено според приказната која била издадена во магазинот претходно. Кинг го посвети изданието со тврди корици на неговиот уредник, Ед Ферман, кој "им дал шанса на овие приказни." Првиот тираж беше само 10,000 копии, што беше, дури за тоа време, слаб тираж за прво печатење на Кинг во тврди корици. Неговиот роман од 1980, Firestarter, имаше почетен тираж од 100,000 копии, а неговиот роман од 1983, Christine, имаше тираж од 250,000 копии, двете од поголемата издавачка куќа Viking. Првичното издание на Gunslinger не беше многу раширено, само специјални книжарници за научна фантастика и други слични продавници за книги го имаа на полиците. Книгата не беше достапна во поголемите дуќани, освен по специјална порачка. Се рашири меѓу обожавателите дека Кинг има нова книга за која знаеле мал број на читатели. Ога се продадоа првите 10,000 копии, Грант испечати уште 10,000 копии во 1984, но овој тираж беше сѐ уште мал за големата побарувачка за оваа книга. The Dark Tower: The Gunslinger беше почетокот на неговот големо епско дело. Првиот и вториот тираж од The Gunslinger се продаваа по добри цени по колекциските книжарници, особено кај верните читатели и колекционери на Стивен Кинг, хорор литература, фантастична литература, па дури и на американска вестерн литература. Беше купувана и од обожавателите на илустраторот Мајкл Велан.
Во 1987, Кинг го издаде вториот дел, The Dark Tower II: The Drawing of the Three, во кое Роланд носи три личности од 20-от век на САД во неговиот свет низ магични врати. Грант ја издаде The Drawing of the Three со илустрации на Фил Хејл во нешто повеќе од 30,000 копии, што беше сѐ уште многу малку за типичниот просек за нова книга на Кинг. (It, објавена во 1986, имаше почетен тираж од 1,000,000 копии, најголемиот на Кинг до денес.) Кинг веруваше дека Dark Tower книгите ќе бидат во интерес на одбрана група негови обожаватели, па одбиваше да го зголеми тиражот за нив. Конечно, во доцните 80-ти, под притисок на издавачите и обожавателите who кои беа гладни за книгите (дотогаш нешто над 50,000 од неговите милиони читатели можеа да ја имаат која било книга од колекцијата Dark Tower), Кинг се согласи да го издаде The Gunslinger и сите наредни делови на Dark Tower книгите во тврди корици и трговски формат. Серијалот стигна до 7 книги, со последниот дел The Dark Tower VII: The Dark Tower, објавен во 2004.
На почетокот на 2000-те Кинг ја уреди оригиналната, The Gunslinger, бидејќи почувствува дека гласот и сликовитоста на оригиналот од 70-тите не се поклопуваа со оние од последниот дел од 2004. Кинг забележа дека стилот му се променил низ изминатите 27 години. Уредената верзија беше објавена во 2003 од поранешната издавачка куќа што ги издаваше неговите дела, Викинг. Грант ја издаде неговота ограничена верзија од уредената The Gunslinger заедно со почетна приказна за светот на Dark Tower насловена „The Little Sisters of Eluria“ (од колекцијата на Кинг раскази Everything's Eventual) во 2009.
Адаптации
Во октомври 2005, King потпиша со Marvel Comics да издадат 7 дела, минисеријал од The Dark Tower насловен The Gunslinger Born. Серијалот што се фокусира на младиот Роланд Дешејн, е во сценарио на Робин Фурт, со дијалози на Питер Дејвид и илустрации на добитникот на Ајснер награда Џае Ли. Првото издание беше објавено 7 февруари, 2007, а Кинг, Дејвид, Ли и главниот уредник на Марвел Џо Квесада се појавија на полноќното делење автограми на промоцијата во продавницата за стрипови во Тајмс Сквер, Њујорк. Делото се продаде во преку 200,000 копии до март 2007. The Hollywood Reporter најави во февруари 2007 дека ко-творецот на Lost Џ.Џ. Абрамс е во план да прави адаптација на серијалот Dark Tower на Кинг. Пред некое време, Абрамс изјави дека нема да учествува во проектот "Tower".
Ричард Бахман
Во доцните 70-ти-раните 80-ти, Кинг објави повеќе кратки раскази - Rage (1977), The Long Walk (1979), Roadwork (1981), The Running Man (1982) и Thinner (1984) -под псевдонимот Ричард Бахман. Идејата за ова беше експеримент дали ќе може да го постигне стариот успех повторно, и да намали барем мал дел од помислата во својата глава дека популарноста е можеби само случајност на судбината. Друго алтернативно објаснение беше поради објавувачките стандарди во тоа време кои дозволувале само една книга годишно.