XXL — македонска женска поп група од Скопје.
Историја Групата XXL била оформена од 4 девојки: Марија Николова, Ивона Џамтовска, Росица Николовска и Верица Каранфиловска, во 1999 година кога за првпат го имаа настапот на „Старс фестивал“ со песната „Чекор по чекор“. Во февруари 2000 година дебитираа на „Скопски фестивал“ со песната „100% те љубам“ и ја освоија првата награда од публиката и „Гран-при“ наградата, со што се здобија со право да ја претставуваат земјата на фестивалот за избор на песна на „Евровизија“ кој таа година се одржуваше во Стокхолм, Шведска. Во 2001 година Верица ја напушта групата, а останатите членки ја продолжуваат својата музичка кариера како трио. Истата година на „Макфест“ со песната „Навики и тајни“ се пласираат на петтото место. Во летото 2002 година учествуваат на „Канео-фест“ со песната „Не можам, не“ и ја добиваат Гран-при наградата како и првата награда од публиката. Истата година повторно настапуваат на „Макфест“ со песната „За само еден момент“. Соработувале со многу, а се испробале и во водителските води во емисијата „Зоо чуда“. Во 2003 година пристапуваат во продуцентската куќа „Центурион“ која понатаму ќе се грижи за нивната музичка кариера.
Дискографија
Чекор по чекор 100% те љубам Навики и тајни Не можам, не Заборави Икчазан (Назачки) Недопирлива До крај За само еден момент
Наводи
Категорија:Македонски поп-групи Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2001 година во Македонија Категорија:Поранешни организации во Македонија Категорија:Учесници на Евровизија Категорија:Музички групи основани во 1999 година