Запро Запров (Пиперево, ) — македонски диригент, сликар, композитор и универзитетски професор.
Проф. Запро Запров е истакнат хорски диригент кој постојано настапувал во Македонија и во светот. Резултат од неговата севкупна музичка дејност се вкупно 109 (53 меѓународни и 56 државни) врвни награди и признанија, меѓу кои и Наградата „11 Октомври“, за особен придонес во културата и уметноста. Зад себе има над 2500 концерти и настапи, над 1000 минути трајни аудио и видеозаписи, околу 20 радио и ТВ емисии, околу 700 изведени вокални, инструментални и вокално-инструментални дела од врвната светска музичка книжевност.
Животопис Запров е роден во 1947 година, во село Пиперево, Струмичко. Основно училиште завршил во просениковското училиште „Герас Цунев“, а средно музичко училиште во Штип. Факултет за музичка уметност завршил во Скопје, додека магистрирал на Музичката академија во Белград. Тој бил основач на Детскиот хор „Изворче”, Женскиот хор „Рустико” и Хорското Студио „Рустико”, во чиј состав се Детскиот хор „Развигорче” и Женскиот Младински Хор. Предавал по преметот Основи на музичкото воспитание со методика на педагошкиот факултет во Скопје. Компонирал и аранжирал хорска, детска и друг вид на музика.
Наводи
Надворешни врски Краток животопис
Категорија:Луѓе од Пиперево Категорија:Македонски диригенти Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски диригенти Категорија:Југословенски композитори Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Музичари од Струмица Категорија:Добитници на награди