мини|десно|Православна девојка од Клење грабната од Турци и спасена од чета на ВМРО. Клење ( или Klenja) — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и развиена национална свест.

Географија Клење е село во македонската област Голо Брдо. Лежи во северозападните пазуви на планината Радуч, по чиј срт минува државната граница, на околу 5 км југоисточно од селото по воздушна линија. Јужно од селото минува рекичката Кленски Дол кој продолжува југозападно кон Борово, каде го добива името Боровски Дол.

Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Клење (Cléné) било село со 100 домаќинства со 196 жители Македонци-христијани и 120 жители Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172 – 173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Клење (Кленье) живееле 240 Македонци-христијани и 230 Македонци муслимани. Второспоменатите биле во процес на албанизација:

По податоци на Бугарската егзархија на крајот од XIX век во Клење (Кленье) имало 40 православни куќи сочинети од 286 Македонци. На почетокот на XX век во селото се наметнала бугарската пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Клење (Клене) имало 632 Македонци под егзархијата и во селото работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, p.152 – 153.

На 24 мај 1909 г. разбојничка чета предводена од Синан Веш приграбила 1.100 овци од Клење.Трайчев, Георги. Книга за мияците (Историко-географски очерк), София, 1941, с. 71.

Во 1910 г. во селото се наметнала и српската пропаганда. Српскиот митрополит Варнава Дебарски (подоцна патријарх) успеал да ги придобие на своја страна Васил Младенов Пљаушки, свештеникот Спасе Иванов Бушкоски, кој одамна имал србомански погледи и месниот учител Илија Нелков кој завршил основно образование во бугарското училиште во Солун; со нивна поддршка, во селото е отворено српско училиште.Дебърски глас, година 2, брой 30, 6 февруари 1911, стр. 2. Во другите голобрдски села пропагандата била неуспешна.Дебърски глас, година 2, брой 29, 30 януари 1911, стр. 2 – 3.

Во весникот „Дебарски глас“ од 1911 г. се вели:

Според статистика на „Дебарски глас“ во 1911 г. во Клење (Кление) имало 56 македонски куќи под Бугарската егзархија и 6 куќи под Цариградската патријаршија, т.е. српската црква (1 од 1903 и 5 од 1910 г.), како и 82 торбешки куќи.Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2. Според Георги Трајчев во 1911/12 г. во Клење имало 40 македонски куќи со 286 жители, и во него работеле црква и училиште.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15 – 31 юли 1929 година, стр. 213.

По Првата балканска војна селото влегло во состав на Албанија. Поради албанските немири од септември 1913 г. во Македонија пребегале 50 куќи, кои заедно со други бегалци од Албанија се сместени во селата Бомово, Коњари и Селокуќи. Српската бојска запалила 20 македонски куќи, сите турски и убиле двајца Македонци во Клење.Извештај на Трпе Поповски и Павел Христов од 18 јануари 1914 г.

Во извештајот на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Клење (Кленйе) се води како село со 80 куќи, од кои дел се православни Македонци, а дел се торбешки.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров

Во 1964 г. во Клење имало бугарска црква со свешеник Тодор Христов.

Сè до 2015 г. селото било во состав на тогашната Општина Требишта.

Родови мини|Семејство во носии од с. Клење, Голо Брдо (1936) Клење е македонско село.

Како православни родови од ова село се спомнуваат: Ниновци, Мазниковци, Пљаушковци, Мирчевци, Будиновци, Филоќовци, Огненовци, Бошковци (Бушковци),

Како муслимански родови во селото се спомнуваат: Касовци, Ниновци (гранка од православниот род) и Димовци.

Знаменитости Црква „Св. Петка“ Кленска џамија

Иселеништво Православни иселеници од ова село има во кичевските села Попоец, Кленоец, Малкоец и Подвис. Потоа во струшките села Лакаица, Брчево (Милошевци или Кленковци), Лабуништа (Пајковци), Луково (Долчевци), Јабланица (Марковци или Терзијовци и Цаповци), во битолското село Жабени (Гавриловци и Неделкоски).

Од муслиманите иселеници има во струшките села Бороец (Црневци или Кленковци), Подгорци (Исаковци, Агушовци и Муслиовци), Корошишта (Алут), потоа во дебарското село Коњари (Зенга и Бајре).

Личности Мирче Г. Радевски (1882 – ?) — ѕидар и учесник во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 589. Цветан Мазнику, т.е. Мазниковски (1938 – 2015) — деец на Македонците во Албанија, прв претседател на Македонската заедница

Поврзано Голо Брдо Требишта

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Булчица Категорија:Македонски населби во Албанија