thumb|Црква во Мартас Вињард Мартас Вињард (), заедно со помалиот остров Чапаквидик (Chappaquiddick Island) е остров кој се наоѓа на југ од Кејп Код (Cape Cod) во Нова Англија(New England). Двата острови се дел од регионот Аутер Лендс (Outer Lands). Најчесто именуван само како ,, Градината’’( The Vineyard), островот има површина од 231,75 км2 (87,48 квадратни милји) и е 58-от најголем остров во САД, и трет најголем остров на источниот брег на САД. Тој е најголемиот остров на источниот брег на САД којшто не е поврзан со копното преку мост или тунел. Островот се наоѓа во државата Масачусетс, во Округот Дјукс (Dukes County), во кој исто така спаѓаат Катиханк (Cuttyhunk) и Елизабет Аиландс (Elizabeth Islands), како и островот Норманс Ленд (Nomans Land), којшто претставува Резерват за диви животни на САД како и Подрачје за вежби на морнарицата на САД кое и понатаму е оспорено. Тука е основана една од најраните заедници на глувите, и последователно на тоа овде се развива посебен знаковен јазик, Знаковен јазик на Мартас Вињард. Претежно островот е познат како летна колонија и до него се стигнува само со брод или авион. Сепак, почнувајќи од шеесеттите години, населението кое живее таму во текот на целата година значително се зголеми. Едно проучување на Одборот на Мартас Вињард покажува дека животните трошоци на островот се за 60 проценти поголеми од просечните и дека цените за сместување се поголеми за 96 проценти.
Истражување Најпрво ,а и сѐ уште населен од Вампаноаг северно американски индијанци, во нивниот јазик Мартас Вињард е познат како Noepe, што значи земја меѓу струите. Англискиот истражувач Бартоломеј Госнолд (Bartholomew Gosnold) којшто испловил до островот во 1602 година именувал еден помал остров на југ со името Мартас Вињард. Меѓутоа ова име набрзо му било дадено на големиот остров. Така тоа е осмото најстаро англиско име на место кое опстанало во Соединетите Држави. Мајката на сопругата на Госнолд како и неговото второ дете, кое починало во раното детство, се викале Марта. Најверојатно Госнолд го именувал островот Мартас Вињард по неговата ќерка, која била крстена во Црквата Св. Џејмс ( сега St Edmundsbury Cathedral ). Марта е погребана во Големиот двор на црквата кој се наоѓа спроти Урнатините Абеи помеѓу црквата Св. Мери и Катедралата. Островот некое време бил познат како Мартинс Вињард (најверојатно по името на капетанот на брод на Госнолд, Џон Мартин); до 1700 години многу островјани го именувале островот по ова име. Одборот за географски имиња на САД работел на стандардизацијата на спелувањето на имињата на места при крајот на 19 век, вклучувајќи го и испуштањето на апострофите. Така, некое време Мартас Вињард (Martha's Vineyard) официјално се пишувало Marthas Vineyard, но Одборот ја донел својата одлука во почетокот на 20 век, со што Martha's Vineyard станало едно од петте имиња на места во САД со апостров со кој се означува посесивност. Ера на колонизација Британското населување води потекло од освојувањето на Мартас Вињард, Нантакет (Nantucket) и Елизабет Аиландс од страна на Томас Меихју (Thomas Mayhew) од Вотертаун, Масачусетс. Меихју соработувал со двајцата Британски ,,сопственици’’ на островот и во текот на животот одржувал пријателски врски со Вампаноагите од островот делумно затоа што бил внимателен да ги почитува нивните права на земја. Неговиот син, исто така Томас Меихју, го започнал првото англиско населување во 1642 година во Греит Харбор (Great Harbor), подоцна именуван Едгартаун (Edgartown, Massachusetts). Помладиот Меихју започнал врска со Хиакумс, сосетка индијанка. Врската довела до преминување на семејството на Хиакумс кон Христијанството. Најпосле многу од племињата станале Христијани вклучувајќи ги и духовните и политичките водачи. Веројатно ова претставува прва успешна меѓукултурно црковна мисија во историјата на Протестанизмот ( дејствувањето на Елиот на копното започнува неколку години подоцна). Според сите докази и сознанија пристапот на Меихју бил независен од културниот империјализам и најчесто на страна од другите мисии од тој или од следните периоди.
Писменоста на индијанците во училиштата основани од Меихју и учена од Питер Фолџер, дедото на Бенџамин Френклин, резултирала со првите северно американски индијански дипломирани студенди на Харвард и тоа од Мартас Вињард, меѓу кои и синот на Хиакумс, Џоел Хиакумс. Бродот со кој пловел Џоел Хиакумс, враќајќи се кон Бостон од дома, непосредно пред церемониите за дипломирањето бил пронајден разбиен на бреговите на островот Нантакет. Кеилеб Чиишатомаук (Caleb Cheeshahteaumauk), син на политички водач на Хоумс Хол дипломирал на Харвард во 1665 година. Латинското име на компанијата на Чиишатомаук (New England Corporation), кое гласи Honoratissimi benefactores (најзначајни добротворци) било зачувано.
Тие биле писмени на јазикот на Вампаноагите, на англиски, хебрејски, грчки и латински јазик. Сите од раните северно американски индијански дипломирани студенти починале многу набрзо по завршувањето на нивните студии. Меѓутоа, на островот има многу домородни проповедници кои одвреме на време проповедаат во англиските цркви.
Традицијата која била воспоставена од Меихју траела со години. Левит Текстер (Leavitt Thaxter), кој се оженил со Марта Меихју (Martha Mayhew ) потомка на Томас Меихју, бил едукатор во Едгартаун и како што опишува индијанскиот комисионер Џон Милтон Ерл (John Milton Earle),, долгогодишен и верен пријател на индијанците’’. После живеењето во Нортемптон ( Northampton ), Текстер, адвокат, се вратил дома во Едгартаун, каде се зафатил со работа во училиштето кое го основал татко му Рев. Џозеф Текстер (Joseph Thaxter) работел во Стеит Хаус (State House ) и во Сенатот и бил член на Советот на владата на Масачусетс, а подоцна работел како наплаќач на царина за Мартас Вињард..Повторно христијанизирајќи го училиштето на татко му во Едгартаун, Текстер Академија, на 15 февруари 1845 година, Левит Текстер беше награден со сума од 50 долари годишно за ,, поддршка на Вилијам Џонсон, индијанец од чапаквидишко племе’’ . Во тоа време, Левит Текстер, преземајќи ја својата улога, во еден акт издаден од Судот на Масачусетс, опишан е како ,, чувар на индијанците и обоените луѓе од Чапаквидик и Индиантаун од Округот Дјук (Dukes County). Текстер Академија, основана од Левит Текстер како прво основно училиште во 1825 година, стана позната по школување и на белата и на северно американаска индијанска младина. Во 1683 година, Округот Дјук, Њујорк беше присоединет заедно со Мартас Вињард. Во 1691 година целиот округ беше пренесен во новоформираната Province of Massachusetts Bay, со што беше поделен на Округ Дјук, Масачусетс и Округ Нантакет, Масачусетс.
19 век Како и соседниот остров Нантакет, Мартас Вињард се прослави во 19 век со индустријата за китови, кога се праќале бродови по целиот свет да ловат китови заради нивната маст. Откривањето на петролеумот во Пенсилванија го зголеми пристапот до евтино масло за ламби и доведе до целосно пропаѓање на индустријата до крајот на 1870 година. Откако железницата на Олд Колони (Old Colony) стигна до копното Вудс Хол (Woods Hole) во 1872 година, на островот почнаа да се градат летни викендички, како Хартхевен (Harthaven) направена од Вилијам Х. Харт. Иако за време на Големата депресија, островот минуваше низ финансиска криза, неговата репутација како одморалиште за туристи и богати луѓе продолжуваше да се зголемува. На островот сѐ уште живее Вампаноаг население, главно сместено во градот Аквина (Aquinnah). Порано Аквина бил познат како Геј Хед (Gay Head), но неодамна оригиналното индијанско име што на јазикот на Вампаноагите значи ,, земја под ридот’’ беше променето. Модерна ера Јазичарот Вилијам Лабов напишал есеј за промените во дијалектот на Мартас Вињард на англискиот јазик. Студијата од 1963 година е широко призната како епохален труд за основањето на социојазичариката. По 18 јули 1969 година,инцидентот на Чапаквидик, во кој Мери Џо Копекн беше прегазена од кола која управувана од сенаторот на САД Едвард Тед Кенеди (Edward "Ted" Kennedy ) удрила во мостот Дајк, островот беше озогласен . Мостот преминувал преку мочуриштето Пуча на островот Чапаквидик. Како мост за пешачење, тој беше наменет за пешаци и велосипеди, како и за возилата за угрентни служби кога условите налагаат. Во моментов, 4x4 возила можат да поминат преку реконструираниот мост. На 23 ноември 1970 година, во Атлантскиот Океан, западно од Аквина, Симас Кудирка, руски морепловец со литванска националност, се обидел да прибегне во САД прерипувајќи на мало бротче на крајбрежните американски стражари од руски брод. Крајбрежниот стражар им дозволил на агенти од КГБ да се качат на бротчето , да ги уапсат Кудирка и да го вратат назад во Поранешниот Советски Сојуз. Во 1974 година, Стивен Спилберг (Steven Spielberg) го снима филмот Ајкули на Мартас Вињард. Спилберг ги избрал островјаните Кристофер Ребело (Christopher Rebello) како најстар син на началникот Броди, Мајкал Броди (Michael Brody); Џеј Мело (Jay Mello) како помал син, Шон Броди (Sean Brody); и Ли Фиеро (Lee Fierro) како Г-ѓа Кинтнер .Многу други жители на островот се појавуваат како статисти. Подоцна, на островот беа снимени сцени и од Ајкули 2 и Ајкули: Освета. Во јуни 2005 година островот ја прослави триесет годишнината од Ајкули со викенд фестивал посветен на Ајкули.
Последователно на повторното обиколување во 1977 година, Мартас Вињард ја гледаше можноста да се отцепи од државната заедница со Масачусетс и да стане 51 држава на нацијата. На 5 март 1982 година, Џон Белуши (John Belush) почина од предозираност од дрога во Лос Анџелес (Los Angeles ) , Калифорнија (California), и по четири дена беше погребан на Гробиштата Ејбелс Хил (Abel's Hill) во Чилмарк. На неговиот гроб е напишано: ,,иако ќе умрам, Рокенролот ќе живее’’. Заради големиот број на посетители на неговиот гроб, како и старвот од ванализам, неговото тело е преместено на друго место во истите гробишта. За време на својот мандат, американскиот претседател Бил Клинтон (Bill Clinton) го помина својот одмор на островот заедно со неговата сопруга, Првата дама (а понатаму и сенаторка и државна секретарка на САД) Хилари Родам Клинтон (Hillary Rodham Clinton,) и нивната ќерка Челзи (Chelsea). Клинтон не беше првиот претседател кој го посети островот; Јулисес С. Грант (Ulysses S. Grant) ја посети викендицата на својот пријател бискупот Гилберт Хевен (Gilbert Haven) на 24 август 1874 година. Како забелешка, колибата како колач со ѓумбир на бискупот Хевен се наоѓа во Оук Блафс (Oak Bluffs) на авенија Клинтон 10 . На 23 август 2009 година, претседателот Барак Обама (Barack Obama) пристигна во Чилмарк со своето семејство на еднонеделен одмор на изнајмениот имот познат како ,,Фармата на Блу Херон’’. На 16 јули 1999 година на бреговите на Мартас Вињард се урна мал авион, при што животите ги загубија пилотот Џон Ф. Кенеди Џуниор (John F. Kennedy, Jr.), неговата сопруга Керолин Бесет(Carolyn Bessette) и нејзината сестра Лорен Бесет (Lauren Bessette). Мајката на Кенеди, поранешната прва дама на САД Жаклин Кенеди Онасис (Jacqueline Kennedy Onassis) поседувала куќа во Аквина ( претходно Геј Хед ) сè до нејзината смрт во 1994 година. Во летото 2000 година избувнувањето на туларемија, исто така позната како глодачска чума, предизвика смрт на едно лице и го поткрена интересот на центрите за контрола на болести, кои имаа намера да го тестираат островот како потенцијална истражна област за Francisella tularensis. Во текот на следните лета, Мартас Вињард бил идентификуван како единствено место на потврдени случаи на туларемија предизвикани при косење трева.Ова откритие може да биде корисно при спречувањето на биотероризамот.
Наследна глувост и знаковен јазик