мини|десно|150п| Трајко Китанчев претседател на Братскиот сојуз Братскиот сојуз — македонско емигрантско друштво во Бугарија, формирано на 27 декември 1894 година во Софија. Негови организатори биле: Димитар Ризов, Андреј Љапчев, Тома Карајовов, Никола Наумов и Наум Туфекчиев. За претседател бил избран Трајко Китанчев, кој не ја прифатил должноста претседател на Македонскиот Комитет (не станува збор за подоцнежниот Врховен Македонски Комитет) Кратки биографски белешки за Трајко Китанчев, Право I/41, Софија,26.08.1895.. Целта на друштвото била со:
Братскиот сојуз бил многу пореволуционертен во однос на другите македонски асоцијации во тој период. Набргу по формирањето на сојузот, Трајко Китанчев како претседател, почнал со подготовка и испраќање на првите чети во Македонија , всушност тоа била четата на арамискиот војвода Дедо Димо, а по него во Македонија со своја чета се нашол Никола Геројски. Во почетокот на 1895 година помеѓу Македонскиот Комитет, Млада македонска книжевна дружина (која била обновена во Мај 1894 година ) и Братскиот Сојуз , постоело недоразбирање и судир. Но набргу дошло до помирување. Трајко Китанчев во својство на претседател на Сојузот ги повикал останатите друштва во Бугарија на помирување и на 19 март 1895 година се одржал І македонски конгрес на македонските друштва , при што дошло до обединување на МК, ММД и Братскиот сојуз во една организација со заедничко име - Македонски Комитет подоцна познат како Врховен Македонски Комитет односно Врховен македонско-одрински комитет . Слевањето на Братскиот Сојуз во МК било крај на неговата самостојна дејност Решения на I - и македонски конгрес, Право, I / 25, София, 9.05.1893..
Претседател Трајко Китанчев
Попознати членови Андреј Љапчев Тома Карајовов Никола Наумов Наум Туфекчиев Димитар Ризов
Наводи
Категорија:Врховен македонско-одрински комитет Категорија:Македонски организации во дијаспората Категорија:Македонски емигрантски организации во Бугарија