Вториот македонски когрес на македонските друштва, бил свикан по неуспешното Мелничко востание со окружно под бр. 265 од 5.11.1895 година.

Заседание и делегати

Конгресот се одржал од 3 до 16 декември 1895 година во Софија. На него присуствувале 32 делегата. На овој когрес им било забрането да присуствуваат делегатите од Плоеш - Романија, Плевен, Кула и Цариград К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96..

Работа

На когресот бил разгледан односот помеѓу Комитетот и официрите, идната тактика на Комитетот во однос на македонското дело, односите меѓу ТМОРО и Комитетот. Конгресот заклучил дека имало финансиска злопотреба со комитетската каса и недоволна кординација меѓу Комитетот и бирото, и се побарало поголемо согласие К. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 96-97..

Решенија

Македонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет. Во тајните протоколи било до прецизирано што се подразбира под други средства,имено Терор и Востание.Притоа во новиот комитет влегле 12 членови, за претседател бил избран генералот Данаил Николаев, потпретседател Јосиф Ковачев ,касиер Александар Радев и секретар Г. Паунчев.

Раскол

На овој конгрес дошло до судир меѓу комитетот и официрите и тие се одволиле во посебен комитет на чело со Наум Туфекчиев задржувајќи го старото име Македонски КомитетК. Пандев, Националноослободителното дело во Македонија и Тракија 1878-1903, Софија, 1979, страна 102-105. На конгресот била повикана и ТМОРО да испрати свои делегати но таа ја одбила поканата.

Извори

2