Утман ибн Абдух ибн Хусејн ибн Таха (најчесто само Утман Таха, ) е арапски краснописец прочуен по тоа што рачно го изработил мусхафот (книжното издание) на Куранот што се издава во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот како официјален.Гави, Ахмад. „Утман Таха “, весник ЕлРијад, 23 ноември 2006.
Таха е роден во 1934 г. во предградие на Алеп, Сирија. Дипломирал шеријатско право на Дамаскиот универзитет, а студирал и арапски јазик, исламски декоративни уметности и сликарство. Добил стручно краснописно уверение кај Хамид ел-Амиди, таканеречениот мајстор на сите краснописци во исламскиот свет. Учел краснопис и кај Муахамед Али ел-Мевлеви, Ибрахим ел-Рифаи (во Алеп), Мухамед Бедеви ел-Дијрани (во Дамаск) и Хашим ел-Багдади.Статија на арапската Википедија
Првиот мусхаф (пишан примерок на Куранот) го изработил во 1970 г. Во 1988 престојувал во Саудиска Арабија, и заради неговиот извонредно убав, јасен и лесно читлив стил бил назначен за краснописец и краснописец во Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот во Медина. Истата година бил избран и за член на стручната жири комисија за доделување на Наградата за арапски краснопис која се одржува на секои три години во Истанбул.
За време на 18-те години работа во комплексот „Крал Фахд“, Утман има изработено четири мусхафи од кои се дистрибуирани 200 милиони примероци ширум светот. За три децении работа Таха изработил дури 10 масхафи. Најчесто еден мусхаф бара повеќе од 3 години пишување и уште една година за лектура и коректура.
Надворешни врски Комплексот „Крал Фахд“ за печатење на Куранот Biography/interview Интервју со Утман Таха
Наводи Делумно засновано на статијата на арапски јазик
Категорија:Сириски краснописци Категорија:Куран Категорија:Родени во 1934 година Категорија:Луѓе од Алеп