Руската култура е поврзана со земјата Русија, како и со етничките Руси кои живеат низ целиот свет. Руската култура има многу богата историја и истата може да се пофали со долгата традиција од аспект на уметноста,, литературата,, филозофијата, класичната музика, балет,, архитектурата, сликарството, киното, и анимацијата. Сите овие правци во текот на историјата имале значително големо влијание во светската култура.
Историјата и првите почетоци на руската култура започнале во времето на источните Словени, со своите пагански верувања и специфичен начин на живеење низ пределите на Источна Европа. Раната култура во Русија започнала или пак била под големо влијание на угрофински народи и племиња, номадите, туркиските народи и Понтиски-Касписките народи. Во текот на доцниот I милениум од новата ера, влијание врз руската култура извршиле и скандинавските Викинзи преку создавањето на Киевска Русија. Во времето на Киевска Русија, во 988 година овие простори биле христијанизирани кое довело паралелно доближување на културата на Византија и останатите словенски народи. По падот на Цариград во 1453 година, Русија станала најголемата православна земја и нација во светот каде престолнината Москва честопати во христијанскиот православен свет се нарекувала Трет Рим. Во различни точки од својата историја, земјата исто така била под силно влијание од страна на европската култура, пред сè западната. Ова најмногу се однесува во времето на Петар Велики кој вовел големи реформи во руското општество кои во голема мера ги стекнал во своите посети на Западна Европа. Во текот на XX век, комунистичката идеологија дополнително ја офирмила културата на овие простори во составот на Советскиот Сојуз, во кој Руска СФСР била најголема водечка сила.
Денеска, руското културно наследство е рангирано на седмата позиција според Nation branding, врз основа на интервју на 20.000 луѓе главно од западните земји и земјите од Далечниот Исток. Руското општество во последните години сè повеќе настојува да се вклучи во модерната глобализација и меѓународниот туризам.
Руски language
thumb|200px|left|Остромирско евангелие од 1056 година, втора најстара источнословенска книга, денеска се наоѓа во Руската национална библитека thumb|right|Илустрација на руска бајка за жар-птицата, Иван Билибин, 1899 година.
Русија е земја во која постојат околу 160 етнички групи кои зборуваат на околу 100 јазици. Според пописот од 2002 година, 142.6 милиони луѓе зборуваат руски, 5,3 милиони зборуваат татарски и околу 1.8 милиони украински. Рускиот јазик е едниствениот официјален државен јазик на земјата, но Уставот дава на поединешните етнички групи во републиките да го користат својот мајчин јазик како ко-официјален веднаш до рускиот. И покрај неговата голема разширеност, рускиот јазик е во голема мера хомоген во цела Русија. Тој е најраспространетиот географски јазик на просторот на Евроазија и најзборуваниот словенски јазик. Рускиот јазик припаѓа на групата индоевропски јазици и е еден од оние јазици кои во истата група кои се задржиле во употреба до ден денес. Други јазици од истата група се белорускиот, украинскиот и веројатно русинскиот јазик кои споделуваат заеднички лингвистички одлики. Старорускиот јазик бил зборуван во периодот од X до XIV век, и од него произлегуваат горенаведените источнословенски јазици. Како податок над една четвртина од светската научна литература е објавена на руски јазик. Околу 70% од универзалните науки се објавени на англиски и руски. Денеска, јазикот е еден од шестте службени јазици на ООН.
Фолклор
Стариот руски фолклор се заснова на корени од паганските верувања на старите Словени, кој пак денеска најчесто е застапен во руските бајки. Руските епоси заземаат важен дел од словенската митологија. Најважните и најстарите епови од времето на Киевска Русија всушност се створени во денешниот северозападен руски федерален округ. Голем број на бајки и еписи биле прилагодени и претставени во анимациони филмови од страна на многу познати режисери како Александар Птушко (Илья Муромец, Садко) и Александар Роу (Морозко, Василиса Прекрасная и др.). Некои руски поети, вклучувајќи ги Леонид Филатов и Петр Јершов, направиле голем број на познати поетски интерпретации на класичните руски бајки. Меѓу овие се вклучува и Александар Сергеевич Пушкин кој исто така создал потполни оригинални бајски песни кои до ден денес се задржиле во голема популарност.
Руска литература
110px|thumb|upright|left|Александар Пушкин (1799–1837), најголемиот руски поет и основач на модерната руска литература. Автор е на Руслан и Лудмила и Евгени Онегин. 110px|thumb|upright|Фјодор Достоевски (1821–1881), писател, еден од најголемите психолози вбо светската јавност. Автор на Злосторство и казна и Браќа Карамазови. thumb|110px|upright|left|Антон Чехов (1860-1904) раскажувач, романописец и драмски писател. Автор на Човекот во футрола и Вишновата градина. 110px|thumb|upright|Лав Толстој (1828–1910), романописец, реформатор. Автор на Војна и мир и Ана Каренина.
Руската литература се смета за една од највлијателните и најразвиените во светот, која придонела и дала едни од најпознатите светски книжевни дела. Руската литературна историја започнува во текот на X век. Во текот на XVIII век за развој на истата најмногу придонеле Михаил Василевич Ломоносов и Денис Фонвизин. Но можеби најголемиот расцвет, руската литература доживеала во текот на XIX век, во кој век биле создадени најголемите руски книжевни дела. Овој век е познат како Златен век на руската литература. Тој започнал со Александар Сергеевич Пушкин, кој се смета за основач на модерната руска литература и честопати овој поет се опишува или се нарекува како “Рускиот Шекспир“. Златниот век на литературата продолжил во текот на XIX век со делата на Михаил Јурјевич и Алексеј Некрасов, Александар Островски, Антон Павлович Чехов, Николај Васиљевич Гогољ, Иван Тургенев, Лав Николаевич Толстој, Фјодор Михајлович Достоевски, Иван Александрович Гончаров, Алексеј Феофилактович Писемски, Николај Семјонович Лешков и други. Толстој и Достоевски од гледна точка на книжевни критичари биле определени како најголемите писатели на векот.
Кон крајот на 19 век, руската литература започнала да се променува. Кратките прози и поезии станале доминантни жанрови во руската литература во следните неколку децении. Овој период од историјата на руската литература е познат и како Сребрен врк на руската поезија. За разлика од претходниот период каде реализмот бил главна одлика, во периодот од 1893 до 1913 госина, руската книжевност паднала под силно влијание на симболиката. Најпознати писатели од тој период се Валериј Брусов, Андреј Бели, Вјачеслав Иванов, Александар Блок, Николај Гумилев, Дмитриј Мерезковски, Фјодор Сологуб, Ана Ахматова, Осип Мандељштам, Марина Цветаева, Леонид Андрејев, Иван Буњини и Максим Горки.
По руската револуција од 1917 година, рускиот културен живот во голем степен се променил или пак бил претворен во хаос. Некои истакнати и познати писатели од тој период, како Иван Буњини и Владимир Набоков ја напуштиле земјата, додека пак новата генерација на млади талентирани писатели се приклучиле кон различни организации со цел создавање на една нова културна книжевност проследена со новиот режим во склопот на Советскиот Сојуз. Во текот на 1920-тите, писателите уживале широка толеранција. Во 1930-тите, објавувањето на новите книжевни дела било затегнато со оглед на доаѓањето на власт на Јосиф Сталин и неговата социјалистичка политика и режим. Голем број на писатели биле затворани и прогонувани во тој период. По неговата смрт, ограничувањата биле отфрлени за да во 1970-тите и 1980-тите истите бидат игнорирани. Од најпознатите водечки писатели од оваа ера, најмногу се издвојуваат: Евгениј Земјатин, Исак Бабел, Владимир Мајаковски, Илф и Петров, Јуриј Олеша, Михаил Булгаков, Борис Пастернак, Михаил Шолохов, Александар Солженицин, Андреј Вознесенски и други.
Филозофија
Некои руски писатели, како на пример Толстој и Достоевски, исто така, се познати и како филозофи, а голем број на автори се познати по своите филозофски дела. Расцутот, руската филозофија го доживеала во текот на XIX век, по примерите на западните европски земји, создавјќи го славофилството. Втората група ги вклучува Николај Данилевски и Константин Леонтјев кои го дале почетокот на евроазинизмот. Во понатамошниот свој развој, руската филозофија била во непосредна близина со развојот на литературата, политиката, национализмот и целото општество. Едни од најпознатите филолозофи од крајот на XIX век и почетокот на XX век се: Владимир Соловјов, Сергеј Булгаков, Павел Флоренски и Владимир Вернадски. Во XX век, руската филозофија станала со доминантно марксистичко убедување.
Визуелна уметност
Руска архитектура
thumb|лево|200px|Црквата Свети Петар и Свети Павле. во Санкт Петербург
Корените на руската архитектура започнале во времето на старите Словени. По христијанизацијата на Киевска Русија, руската архитектура во следните неколку векови била под влијание на византиската архитектура, сè до падот на Цариград во 1453 година. Освен традиционалните тврдини кои ги поседувале градовите (Види: Кремљ), главни архитектурни објекти во раната историја на руската архитектура биле православните храмови со големите куполи кои честопати биле или позлатувани или варосени. Аристотел Фиораванти и други италијански архитекти ја донеле ренесансата и нејзините трендови во Русија. Во текот на XVI век се развил т.н. шатор тип на цркви. Најпозната црква од таков тип е црквата Свети Василиј во Москва. Кромидестата купола се развила во текот на XVII век. Кон средината на истиот век во земјата се развил т.н. Наришкински барок. Реформите на Петар Велики довеле до промена на целото руско општество и доближување до западноевропската култура и архитектонски стилови.
Во текот на XVIII век настапил архитектонскиот стил рококо кое придонел до создавање на голем број на познати дела проследени од страна на Бартоломео Растрели и неговите наследници. Во текот на владеењето на Катерина Велика и нејзиниот внук Александар I, градбите во градот Санкт Петербург биле трансформирани во неокласицистичка архитектура. Во втората половина на XIX век започнала руската преродба потикнета од готската архитектура од Западна Европа.
Во текот на XX век, најпознати архитектонски стилови во Русија биле сецесијата (Фјодор Шехтел), конструктивизам (Алексеј Шчусев и Константин Мелников), и Сталинистичката архитектура (Борис Јофан). По смртта на Сталин, Никита Хрушчов целосно го осудил веќе поранешниот архитектонски стил. Кон крајот на советската ера, доминантен архитектонски стил во Русија бил функционализмот. Ова помогнало да се реши станбениот проблем кое довело пак до изградба на голем број на згради со низок архитектурен квалитет. По распаѓањето на СССР, голем број на христијански храмови кои биле срушени повторно биле обновени.
Најпознати руски градби:
• Црква Света Софија (Новгород) | Златна Порта (Владимир) | Црква на Исус Христос Спасителот (Москва) | Црква Успение на Пресвета Богородица (Владимир) | Катедрала на Благовештението (Москва) | Архангелска катедрала (Москва) | Црква Успение на Пресвета Богородица (Москва) | Црква Вознесение Христово (Санкт Петербург) | Црква Св. Василиј - Москва | Казански Кремљ | Црква Свети Исак (Санкт Петербург) | Казанска катедрала | Црква Свети Петар и Свети Павле (Санкт Петербург) | Мешниукова кула | Манеж (Москва) | Триумфална порта Нарва | Коломенское | | Петерговска палата | Гатчина | Troitse-Sergiyeva Lavra | Соловетски манастир | Кунсткамера | Државен руски музеј | Катеринска палата | Голем Кремљски дворец | Зимски дворец (Санкт Петербург) | Симонов манастир | Новодевички манастир | Мавзолеот на Ленин | Татлинска кула | Палата на Советите | Седум Сестри (Москва) | Советски Изложбен центар | Останкинска кула | Триумфална палата | Бела куќа на Русија
Иконопис
д|tесноhumb|200px|Традиционална руска икона.