десно|мини|200п|Правилник на четите на ТМОРО Правилникот за четите на ТМОРО е регулативен акт на Македонската револуционерна организација со него биле точно определени местото и улогата на четите во македонското националноослободително движење.
Создавање
Правилникот бил изработен од страна на Гоце Делчев и Ѓорче Петров во 1900 година , и тоа врз членот 11 од Уставот на ТМОРО и окружното на ЦК од октомври 1898 година. Според Борис Сарафов, правилникот бил изработен од Ѓорче Петров и капетанот Димитар Венедиков. Правилникот бил хектографиран и верификуван од страна на Централниот комитет. За време на Солунската провала од 1901 година, правилникот се нашол во рацете на турските власти, и од тука најверојатно потекнуваат бројните негови варијанти, односно слободни толкувања кој се нашле меѓу солунските конзули.
Состав
Правилникот се состоел од 47 члена, поделени во 5 глави. I глава не била нумерирана и на свој начин претставувала преамбула. Во II глава се регулирани а) агитацијата, б) организацијата, в) извршените задачи г) крајните задачи на четата. III глава се однесува на општите правила за четата. Во IV глава се утвредени односите помеѓу комитетот и четата. V глава ги регулира составот и внатрешниот ред на четите.
I глава
II глава
III глава
IV глава
V глава
Извори
Надворешни врски www.angelfire.com (Правилник на четите на Тајната македонско-одринска револуционерна организација)
Категорија:Уставо - статутарни одредби на МРО