Стојан Христов (, , Кономлади, Костурско, Егејска Македонија − , Бретлборо, САД) — писател, новинар, публицист од македонска народностThe Taste and Fever of America; Stoyan Christowe, an Immigrant From Macedonia, Writes of This Country With Emotional and Intellectual Ardor, New York Times, September 18, 1938, Sunday и сенатор на сојузната држава Вермонт. Бил избран член на МАНУ и почесен член на ДПМ.

Животопис

Стојан Христов е роден во селото Кономлади, Костурско во Егејска Македонија на 18 август 1898 година. На својата 14-годишна возраст тој заминува за САД на печалба поради таканаречената „америкоманија“ која ја чувствувал и поради тешката политичко-економска ситуација во Македонија една година пред Првата балканска војна. Во САД бил физички работник во ложарницата на Сент Луис, а потоа и работел на изградбата на железничката линија Монтана - Вајоминг. Во периодот од 1918 до 1922 година тој успеал да ги заврши своите студии на универзитетот „Валпаризо“ во Индијана. Своите студии ги завршил со прекини поради тешката материјална положба и услови на живеење.

Откако се стекнал со американското државјанство, се вработил како уредник во весникот „House Organ“ во Чикаго, а потоа се префрлил како новинар во редакцијата на веникот „Daily News“. Две години, од 1927 до 1929 година бил специјален дописник од Балканот. Едно време дури и бил слободен писател во Њујорк. За време на Втората светска војна бил аналитичар и предавач по балканско партизанско движење во воениот департман, Оддел за воени известувања на Пентагон. Во текот на 1952 и 1953 година тој повторно допатувал на Балканот како дописник на северноамериканското новинарско здружение „НАНА“. Тогаш ја посетил Југославија и Македонија како гостин на Друштвото на писателите на Македонија. По враќањето станал сенатор на американската сојузна држава Вермонт со која должност и се пензионирал. Успеал уште еднаш да ја види својата татковина како специјален и драг гостин на македонската држава.

Творештво

Стојан Христов бил раскажувач и романописец. Романите и расказите можете да ги видите подолу и сите романи се преведени на македонски јазик. Прозата на Христов е реалистична и целата е свртена кон „стариот крај“. Неколку од неговите романи се со историска тематика преку кој се согледува страдалничкиот живот на македонскиот народ под ропство, но и неговите борби и востанија.

Романи

Стојан Христов е автор на следните романи:

„Мара“ (1937 г.), „Оваа е мојата таковина“ (1938 г.) „Мојот американски аџилак“ (1947 г.) „Орелот и штркот“ (1976 г.) „Лавот од Јанина“ (1941 г.) „Невестата на доселеникот“, „Дијалог“, Скопје, 2010.Објавен досега непознат роман од Стојан Христов

Раскази

Покрај романите, автор е и на следните раскази : „Стариот пчеларник “ (1926 г.) „Камбана “ (1927 г.) „Два роја пчели “ (1927 г.) „Сечко “ (1928 г.) „Кукери “ (1940 г.) „Мечка игра на сред село “ (1930 г.) „Чочек “ (1930 г.) „Таро тапанџијата “ (1930 г.) „Орли на ливадата “ (1929 г.) „Пазарен ден во главниот град на Бугарија“ (1928 г.) „Новата жена на Истанбул “ (1928 г.) „Балканските бездомни веселковци“ (1928 г.) „Црните бегалци на Балканот“ (1929 г.) „Со циганите на Балканот“ (1930 г.) „Низ долината на Балканот“ (1930 г.) „Полуамериканец“ (1929 г.) „Америкоманија“ (1930 г.) „Мојот пријател Слободата“ (1930 г.) „Неприродна натурализација“ (1930 г.) „Зеленоглавец во Сент Луис“ (1947 г.) „Групата од железничката линија на Монтана“ (1947 г.) „Неприродна натурализација“ (1930 г.),

Наводи

Поврзано Македонска книжевност Американски Македонци

Надворешни врски Стојан Христов „Смртта на резбарот“ Биографија на Христов Стојан Христов на страницата на ДМП Хронологија на животот на Стојан Христов Стојан Христов прв Македонец со споменик во Вермонт Меморијална плоча и споменик за Стојан Христов САД му оддадоа почит на македонскиот имигрант Стојан Христов

Категорија:Македонски писатели Категорија:Американски писатели Категорија:Дводомни писатели Категорија:Дејци на МПО Категорија:Луѓе од Кономлади Категорија:Македонски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Американци со македонско потекло Категорија:Македонски општественици