Мата-Уту (Mata-Utu или Matāutu) е главен град на француската тихоокеанска територија Валис и Футуна. Градот се наоѓа на островот Валис (Увеа), во округот Хахаке, воедно и негов административен центар. Населението брои 1.191 жители Попис 2003 .
Во центарот на Мата-Уту доминира Богородичната катедрала, прогласена за национално богатство на Франција. Во близината има неколку ресторани, хотели, пошта, дворецот на Кралот на Увеја (едно од трите традиционални кралства). Недалеку од градот се наоѓаат полициската станица и трговскиот центар. Во близината на Мата-Уту две важни археолошки наоѓалишта: остатоците од тврдината Талиетуму и местото Тонга Тото.
Наводи
Надворешни врски Карта со местоположбата на Мата-Уту Слика на Богородичната катедрала во Мата-Уту
Категорија:Главни градови во Океанија Категорија:Валис и Футуна