Зоран Стефановиќ (роден на во Лозница, Србија) е српски писател, издавач и меѓународен културен активист.Биографија на мрежното место на "Проект Растко - Македонија" Дебитира во театарот и филмот 1987. Дипломирал во 1994 година на Факултетот за драмски уметности (Универзитетот за уметност во Белград). Живее во Белград.

Основоположник на неколку меѓународни културни мрежи. Неговите театарски драми, проза и графички романи се преведени на македонски, романски, словенечки, англиски, француски и полски.

Претседател на Друштвото на драмски писатели на Србија (2022).Стојановић, Милица. “Изабрана управа Удружења драмских писаца Србије, нови председник је Зоран Стефановић” , Drama.org.rs, 2023

Уметничко дело

Голем дел од неговиот уметнички опус спаѓа во фантастиката - во театарот ("Словенски Орфеј", македонска праизведба, режија: Горан Тренчовски;Мрежно место посветено на драмата "Словенски Орфеј" (номинирана за наградата Prix Europa 2002) (српски, англиски, македонски)"Словенски Орфеј" на ИМДБ, режија: Горан Тренчовски / Ацо Алексов, продукција на Народен театар „Антон Панов“ – Струмица и Македонска радио-телевизија - Скопје (англиски) "Сказна за космичкото јајце / Скаска о космичком јајету"), стрипот ("Третиот аргумент / Трећи аргумент", со уметник Зоран Туциќ врз основа на приказната од Милорад Павиќ, "Под волчјиот печат / Под вучјим жигом"), прозата ("Преку Дрина, со искра во окото / Преко Дрине, са искром у оку", "Време на бучава и бес / Време буке и беса") и во филмот и телевизијата ("Тесни патеки / Уске стазе").Биографија на мрежното место на Здружението на драмските писатели на Србија

Останатиот дел од неговиот опус е од документарна природа, како ТВ-серијата "Јанусовото лице на историјата / Јанусово лице историје", или филмовите "Животите на Коста Хакман / Животи Косте Хакмана" и "Музика на тишината / Музика тишине".

Културна работа

Тој е основоположник на неколку меѓународни културни мрежи и издавачки проекти: "Проектот Растко" (мрежа на дигитални библиотеки),Орлиќ, Милан. "Дух над водама: Пројекат Растко — ћирилични део глобализације" , Арттех-Свеске, 2005 "Дистрибуирани коректори Европа" (меѓународна дигитализација на културното наследство), "Проектот Гутенберг Европа" (бета верзија, јавни дигитални библиотеки), и слични заедници и потфати во областа на издаваштвото, дигитализацијата, лексикографијата, а поп-културата.

Не ограничувајќи се само на Интернетот, беше активен и во бројни културни, научни и издавачки проекти во Евроазија од 1993 година, особено во земјите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија, Грција, Украина, Русија, Полска, вклучувајќи ги и потфатите за зачувување на малцинските и племенските култури на Евроазија или иницијативата за "Балканска културна мрежа" (заедно со грчкиот културен активист и музички продуцент Никос Валканос и со други колеги).

Неговите општествени ставови вклучуваат и силно застапување на филозофијата на "отворени извори" и слободно знаење, како "цивилизациски темели на секое човечко општество". Активно поддржува неколку регионални Википедии, особено во Источна Европа, уште од нивното основање.Извештај за Стефановиќевото предавање за филозофијата на "отворени извори" на Викимедиината регионална конференција, Белград 2008. - извештај на Полската Викимедија.

Награди и признанија

Како писател, драматург и сценарист беше национално и меѓународно наградуван и номиниран околу петнаест пати, вклучувајќи ги и номинациите за наградата "Prix Europa" во Берлин и "Prix Italia" во Рим.

За својата културно-издавачка работа национално и меѓународно е признаен дваесетина пати, вклучувајќи ги и: номинацијата за "United Nations World Summit Award", трипати годишната награда на Друштвото на информатичарите на Србија и десет "YU Web Top 50" (сега "SR Web Top 50") признанија.

Извори

Врски

Лична страна на ИМДБ Проект Растко Македонија - Електронска библиотека на културата и традицијата на Македонија Urbański, Andrzej: "Zoran w Belgradzie" , Reportaż, Korespondencja z ojcem # 9, 2008.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Лозница Категорија:Српски писатели Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски сценаристи Категорија:Српски новинари Категорија:Српски автори на стрипови‎ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Српски писатели на научна фантастика