Водачи

Претседател Борис Трајковски (до 26 февруари) Љупчо Јордановски (како в.д. од 26 февруари до 12 мај) Бранко Црвенковски (од 12 мај) Премиер Бранко Црвенковски (до 12 мај) Хари Костов (од 2 јуни до 18 ноември) Радмила Шекеринска (како в.д. од 18 ноември до 17 декември) Владо Бучковски (од 17 декември) Претседател на Собранието - Љупчо Јордановски

Настани

јануари јануари - Признаен бил Тетовскиот универзитет од македонските власти. јануари - За првпат започна да се издава државен запис.

февруари thumb|десно|150px|Почина претседателот Борис Трајковски во авионска несреќа февруари - Македонското Собрание усвои „Декларација за поднесување на апликација за членство во Европската Унија“. 4 февруари - Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник „Време“. 26 февруари - Се урна владиниот авион (кингер) во кој загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови соработници и членови на екипажот.

март 22 март - Премиерот на Македонија, Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Р Македонија во Европската Унија.

април thumb|десно|150px|Бранко Црвенковски избран за нов претседател на Македонија 1 април - Спогодбата за асоцијација и стабилизација откако ја ратификуваа сите земји членки на ЕУ. 5 април - Формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор. 28 април - На третите вонредни претседателски избори во Република Македонија, Бранко Црвенковски е избран за претседател на државата. Во вториот круг на гласањето Црвенковски освои 553.520 гласови, или 62,7% од гласовите, додека неговиот противкандидат Сашко Кедев освои 329.271 гласови, или 37,3%.

мај 12 мај - Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.

јуни 2 јуни - Избрана е нова влада на чело со Хари Костов. 15 јуни - Формирано е Здружението на автори на музички дела.

јули thumb|десно|150px|Основана е ВМРО-НП 4 јули - Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.

август

септември 6 септември - Владата на Република Македонија ја усвои Националната стратегија за европска интеграција.

октомври 1 октомври - Претседателот на Европската комисија Романо Проди го преде Прашалникот на Владата на Република Македонија. 18 октомври - Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски со Одлука ја формира Комисијата за одликување и признанија.

ноември 4 ноември - САД ја призна Република Македонија под уставното име. 7 ноември - Во Република Македонија се одржа референдум за отфрлање на предложената територијална организација на државата. Референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи. 15 ноември - Хари Костов поднесе оставка на функцијата премиер на Република Македонија.

декември 17 декември - Избрана е новата влада на чело со Владо Бучковски.

Култура Музика thumb|десно|150px|Тоше Проески на Евровизија

Тоше Проески е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. На Евровизија 2004 Македонија ја претстави Тоше Проески со песната Ангел си ти. Ден за нас, албум на Тоше Проески. 2004, DVD Тоше Проески - стадион '04- Live, албум на Тоше Проески. Ваков или таков, албум од Владо Јаневски Засекогаш, албум на Ѓорѓи Крстевски Трета мајка , албум од Влатко Стефановски HARVEST OF THE FIREFERN, албум на Maras Рано ми е да се врзам, албум на Мартин Вучиќ Кобна убавина, албум на Мизар Формирена групата Victim Yield. Формирена групата Hardfaced. Формирена групата Mooger Fooger.

Книги и списанија

Раскази за Захариј од Михаил Ренџов Имиња и теми од Бранко Цветкоски Небесни стражи од Јовица Тасевски - Етернијан Македонија на Македонците од Ангелина Маркус Див мир од Зоран Анчевски Прекин на комуникацијата од Маја Апостолоска Бојан од Глигор Поповски Започна да се издава списанието Тој. Започна да се издава неделниот магазин ЕГО. Во Бугарија започна да се издава Македонски глас.

Филм и телевизија

thumb|десно|150px|Илузија (филм)|Илузија Премиера на филмот Големата вода во режија на Иво Трајков. Премиера на филмот Илузија во режија на Светозар Ристовски. Премиера на филмот Како убив светец во режија на Теона Митевска. Премиера на филмот Андер во режија на Горан Тренчовски. Премиера на филмот Списокот на Тони Манџа во режија на Марија Џиџева. Премиера на филмот Просечна брзина во режија на Наум Михајловски. Премиера на филмот Северен лет во режија на Вардан Тозија. Започна да се емитува Кој сака да биде милионер?.

Објекти

thumb|десно|150px|Меморијален Центар АСНОМ Започна да работи браната Козјак. Отворен мостот „Газела“. Отворен Меморијален Центар АСНОМ. Отворен Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес. Камен темелник на црквата Св. Недела и Св. Петка во Абланица. Формиран иницијативен одбор за изградба на џамија Дуќанџик. Осветена е црквата „Св. Ѓорѓи“ во Јегуновце. Осветена е црквата „Св. Јован Крстител“ во Брест. Поставен е Споменик на Панко Брашнар во Велес.

Останато Основана Обединета Македонска Дијаспора. Започна да работи ПВУ МСИ „Г.Р.Державин“ - Свети Николе - Битола. Основан Сојуз на стопански комори на Македонија. Основана Меѓународна фондација „Борис Трајковски“. Започна да работи Народниот театар Антон Панов. Започна да работи Винарска визба „Картал“. Започна да работи Попова Кула. Започна да работи пребарувачот Најди!.

Спорт Фудбал

ФК Победа стана шампион по фудбал во сезоната 2003/2004 година. ФК Слога Југомагнат го освои купот на Македонија. Престана да постои ФК Единство (Скопје). Квалификации за светско првенство во фудбал (2006)

* Пријателски натпревари

Кошарка КК Фершпед Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига. КК Фершпед Работнички го освои купот на Македонија.

Олимписки игри

Македонија учествуваше на Летните олимписки игри 2004 во Атина.

На овие Олимписки игри, Македонија ја претставуваа 10 спортисти (7 во машка и 3 во женска конкуренција), кои настапија во 5 спортови: Атлетика; Пливање; Стрелаштво; Кану и кајак; Борење.

Кајакарство Кајакарската репрезентација на Македонија учествува на Европското првенство на диви води.

Родени Мартија Станојковиќ, македонска пејачка.

Починати thumb|десно|100px|Тодор Скаловски thumb|десно|100px|Борис Трајковски

Борис Трајковски, македонски државник. Стево Црвенковски, македонски режисер и политичар. Јусуф Реџепи, македонски лекар кардиолог и универзитетски професор. Илија Алушевски, македонски фолклорист. Бранко Варошлија, македонски писател. Јадранка Владова, македонски универзитетски професор. Димитар Димески, македонски историчар. Драган Геров, македонски новинар. Гого Ивановски, македонски поет . Кирил Пенушлиски, македонски фолклорист. Перо Коробар, македонски општествен деец. Зина Креља, македонска оперска пејачка. Паскал Паскалевски, македонски поет. Благоја Ристески - Платнар, македонски поет. Тодор Скаловски, македонски композитор.