Стрмош — рудник на вулкански туфови и бречи, кој се наоѓа во близина на селото Стрмош, пробиштипско. Изградено е од хидротермално изменети силифицирани и опализирани туфови. Тука се издвоени повеќе видови туфови: црвени, бели, компактни туфови, жолтеникави трошни туфови. Црвените опализирани туфови се присутни во подината и кровината на белите туфови. Содржината на SiO2 во белите туфови е поголема 60–78%, а во црвените туфови е помала.

Наводи

Надворешни врски strmos.com.mk -Официјално мрежно место

Категорија:Стрмош Категорија:Рудници во Македонија