Сокер сити познат и како First National Bank Stadium (ФНБ Стадион) е стадион којшто се наоѓа во југозападниот дел на Јоханесбург, Јужноафриканска република. Објектот бил изграден во 1989 година. По добивањето на земјата да биде организатор на Светското првенство по фудбал во 2010 година, стадионот бил реновирен и проширен. Стадионот е специјализиран за фудбалски натпревари, без атлетски стази. Пред неговото отворање, на истиот стадион своите домашни натпревари ги играл ФК Кајзер Чифс. Пред да биде реновиран, стадионот имал сместивост од 74.000 седишта, а по реновирањето има 94.700 седишта. Денеска, тој е најголемиот стадион во Јужна Африка, и целиот африкански континент. Трошоците за неговата изградба односно реновирање се $ 440 милиони.

Наводи

Категорија:Архитектура од 20 век Категорија:Архитектура од 21 век Категорија:Стадиони за светското фудбалско првенство - 2010 Категорија:Стадиони во Јужна Африка