Грљани — село во Општина Виница.
Географија и местоположба Грљани е планинско село на надморска височина од 850 метри. Од градот е оддалечено 20 километри во источната страна на општината и граничи со Општина Делчево. Селото е од разбиен тип со повеќе населби.
Историја Во 1913, во Балканската војна селото било стратешка точка, се воделе повеќе битки помеѓу Бугарија и Србија.Петър Дървингов. „История на Македоно-одринското опълчение“. Том II, Печатница „Нов живот“, София 1925, стр. 711-713
Стопанство Селото од 2009 се промовира како етно село, за привлекување туристи и спречување на пропад на селото. Преостанатото население се занимава со сточарство и земјоделие.
Население
Според Бугарот К’нчов селото во 1900 година имало 444 жители христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.
Во 1971 селото имало 592 житела, а во 1981, 501 жител. Во 1991, бројот на жители бил 335. Според пописот од 2002 селото имало 206 жители Македонци.Државен завод за статистика
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 114 жители, од кои 101 Македонец и 13 лица без податоци.
Родови Грљани е македонско село.
Родови во селото: Маринци (8 к.), Стојчевци (8 к.), Трајановци (7 к.), Петревци (7 к.), Ѕвездинци (6 к.), Спасевци (6 к.), Лесовци (6 к.), Шанѓевци (5 к.), Ковачевци (4 к.), Бељовци (4 к.), Тујукџии (4 к.), Чакалци (4 к.), Цветановци (3 к.), Мајсторовци (2 к.), Натинци (2 к.) и Балинци (4 к.) за наведените родови не се знае дали се староседелски, или пак доселени со непозната старина.
Општествени установи Во селото постоело основното училиште „Никола Парапунов“.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 316 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 140 гласачи.
Културни и природни знаменитости Цркви Во средишниот дел на селото се наоѓа црквата Св. Димитриј.
Археолошки наоѓалишта Манастирот — старохристијанска базилика Могилата — могила од римското време; Самовилец — градиште од доцноантичкото време.
Личности Иванчо Ангелов, платен војник во Балканските војни, кој се борел на страна на Бугарија и добитник на бугарскиот орден за храброст.
Иселеништво
Галерија
Надворешни врски Етно село Грљани
Наводи
Категорија:Села во Македонија Категорија:Винички села Категорија:Села во Општина Виница