мини|Локација во округот Арад Ливада () — општина во округот Арад во западна Романија, во која живеат 2.892 жители. Се состои од две села: Ливада и Сенлеани. Административниот центар Ливада е оддалечен 10 км од градот Арад.

Демографија Според пописот во 2002 година, во општината живеат 2.892 жители, од кои 86,6% се Романци, 11,3% Унгарци, 1,5% Германци и 0,6% се приапдници на некоја друга етничка заедница.

Историја Првите пишани документи во кои се споменува Ливада датираат од 1553 година, додека Сенлеани се споменува во документи стари од 1302 година.

Стопанство Примарна стопанска дејност во местото е земјоделството. Но, поради блискоста до административниот центар на кругот, во подем се и другите стопански гранки.

Наводи

Категорија:Арад (округ) Категорија:Општини во Романија