Faithless (изговор: Фејтлес) ― англиска денс-група основана во 1995 година. Најистакнати членови на групата биле: Макси Џез, Систер Блис и Роло Армстронг. За време на пробивот на групата на музичката сцена, Систер Блис и Макси Џез снимале песни и имале чести турнеи под името Faithless, а Роло ги придружувал само во студио и не одел на турнеи со групата. Нивниот прв албум, Reverence, бил објавен во 1996 година, а нивниот последен албум, All Blessed, во 2020 година. Продале милиони музички записи (носачи на звук), а во 2018 година нивниот каталог бил поставен на страниците за стриминг. Во просек имале речиси 3 милиони слушатели месечно на Spotify. Албумите и сингловите на Faithless се искачиле на прво место на топ-листите во многу земји, а списанието Mixmag ги ставило на четврто место на списокот на „Најдобри денс-групи на сите времиња“.

Оваа група најмногу е позната по својот голем денс-хит „Insomnia“, но и „God Is a DJ“ и „We Come 1“. Faithless снимиле неколку студиски албуми кои понудуваат различни видови на музички жанри. До денес, Faithless имаат продадено над 12 милиони плочи на светско ниво. Покрај издадените материјали, Faithless имаат оганизирано поголем број турнеи, меѓу кои две гостувања во Скопје.

Членови на групата Сегашни членови

Систер Блис (во студио и во живо) – клавијатури, синтисајзери, пијано, продукција, аранжман, миксер, композитор, програмирање (1995–2011; 2015–сега) Роло (само во студио) – клавијатури, тапан-машина, гитара, бас, продукција, аранжман, миксер, композитор, програмирање (1995–2011; 2015–сега)

Поранешни членови

Макси Џез – Главен пејач, гитара, програмер, продукција (1995–2011; 2015–2016, починал 2022) Џејми Като – водечки и придружен вокал, гитара, клавијатури (1995–1999)

Дискографија Албуми Година Албумски детали Најдобра позиција на топ листа СертификацијаUKAUSAUTBELFINGERNLNORNZSWI 1996 Reverence Објавен: април 1996 Издавач: (#) Формати: CD, касета 26 — 26 47 13 17 45 7 17 18 UK: Gold1998 Sunday 8PM Објавен: септември 1998 Издавач: (#) Формати: CD, касета 10 41 23 15 — 6 7 4 21 9 UK: Gold2001 Outrospective Објавен: јуни 2001 Издавач: (#) Формати: CD, касета 4 11 17 1 10 3 2 2 26 4 UK: Gold2004 No Roots Објавен: 7 јуни 2004 Издавач: Cheeky / Sony BMG (#82876618702) Формати: CD, касета, дигитален запис 1 23 26 1 23 12 3 17 — 10 UK: Gold2006 To All New Arrivals Објавен: 27 ноември 2006 Издавач: Sony BMG (#88697021582) Формати: CD, касета, дигитален запис 30 — 73 12 — 70 29 — — 11 UK: Gold2010 The Dance Објавен: мај 2010 Издавач: Nate's Tunes Формати: CD, дигитален запис — — — — — — — — — — "—" албуми кои не котирале на топ листите или не биле издадени.

Faithless 2.0 (2015) All Blessed (2020) Champion Sound (2025)

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место (UK) Официјално мрежно место (ZA) Faithless на MySpace

Faithless на beatbuggy

Категорија:Британски музички групи Категорија:Денс музички групи Категорија:Транс музички групи Категорија:Техно музички групи Категорија:Музички групи основани во 1995 Категорија:Музички групи распаднати во 2011 Категорија:Музички групи возобновени во 2015 Категорија:Англиски денс музички групи Категорија:Музички групи од Лондон Категорија:Англиски електронски музички групи Категорија:Музички групи основани во 1995 година