мини|Естреја Овадија - Мара народен херој Естреја Хаим Овадија - Мара (, - , ) — македонска комунистка, Еврејка, учесничка во НОБ.Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953.Д-р Стојан Ристески, Естреја Овадија-Мара, Горњи Милановац, 1978.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 125
Животопис
Овадија е родена во Битола, во работничко еврејско семејство. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка ѝ, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја почувствувала сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години, таа се активирала во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Подоцна истата година, таа заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за време на демонстрациите на 27 март 1941 година, во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против предавничката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година, таа се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.Heroine Jugoslavije, "Nasa Djeca", 1980.
Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на Партизанскиот одред „Даме Груев“, потоа во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ.Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј - Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125. Учествувала во борбите за одбрана на слободната територија во Западна Македонија, а меѓу борците била позната како храбрата болничарка Мара. Учествувала и во Февруарскиот Поход.
При основањето на Третата македонска ударна бригада, таа била назначена за заменик политички комесар на чета. Учествувала и во обезбедувањето на Првото заседание на АСНОМ. На 22 август 1944 година при основањето на Седмата македонска бригада, била назначена за политички комесар на баталјон.
Загинала во борба против бугарските окупаторски сили,Естреја Хајма Овадија-Мара (1921– 1944), „Млад борец“, XXXII, 13, Скопје, 23. IV 1975, 17. во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944 година. Тогаш имала само 22 години.
Спомен-обележја Во нејзин помен, во средиштето на Битола, постои нејзина биста и една детска градинка го носи нејзиното име. Во нејзина чест е наречена и улица во Ерусалим, Израел/Палестина.
Наводи
Надворешни врски
Биографија на Естреја Овадија - Мара , туристички инфопортал на Битола Stojan Risteski, “Estreja Ovađa Mara: Životni put i revolucionarno delo”, 1978. Споменик на паднатите борци во Втората светска војна во Мариово , „Итар Пејо“
Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски Евреи Категорија:Македонски комунисти Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Југословенски Евреи Категорија:Југословенски комунисти