Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 мHakkı Acun, Makedonya, Manastır bölgesi (Manastır, Ohri, Pirlepe) saat kuleleri, Atatürk ve Manastır sempozyumu, Manastır, 12–13 Ekim, 1998. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 годинаBildiriler, Ankara, 1999, 320–332; Ayverdi Ekrem Hakki, Avrupa’da Osmanlı Mimarı Eserleri. Yugoslavya, lll cild, 3. kitab, İstanbul, 1981. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.
Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:
Познати по своето шегобијство, прилепчани саат-кулата често ја нарекуваат со името Прчикур, симболизирајќи машкост и исправеност.
Поради накривувањето на кулата, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување. мини|Поглед кон Саат-Кулата
Поврзано Стара чаршија (Прилеп) Чарши џамија Прилеп
Наводи
Надворешни врски Саат-кула Прилеп
Категорија:Знаменитости во Прилеп Категорија:Саат-кули во Македонија