десно|мини|200п|Ричард Докинс (2009).
Клинтон Ричард Докинс (анг. Clinton Richard Dawkins; р. ) — англиски етолог, еволуционист и популаризатор на науката. До 2008 година работел во оксфордскиот професорат за популаризација на науката, основан од Чарлс Симони.
Докинс стана познат во 1976 година кога ја објави книгата „Себичниот ген“ (анг. „The Selfish Gene“) која на популарен начин го одразува погледот на еволуцијата од позиција на генот и во која бил воведен во речникот поимот „мем“ и бил предложен нов научен правец — „меметика“. Во 1982 година тој дал значителни придонеси во теоријата на еволуцијата со книгата „Проширениот фенотип“ („The Extended Phenotype“), каде сугерира на тоа дека фенотипските ефекти на генот не се ограничени на организмот на единката, туку можат да се прошират и на животната средина, вклучувајќи ги и организмите на останатите единки. Оттогаш тој има напишано неколку научно-популарни книги за еволуција и учествувал во многу телевизиски и радиопрограми за еволуциона биологија, креационизам и религија.
Докинс е убеден атеист, хуманист и скептик, член на Движењето Brights.
Основни работи Научно-популарни книги The Selfish Gene (Себичниот ген) (1976; преизд., 1989, 2006). The Extended Phenotype (Проширениот фенотип) (1982; преизд., 1999). The Blind Watchmaker (Слепиот часовничар) (1986; преизд., 1991, 1996, 2006). The River out of Eden (Реката од рајот) (1995). Climbing Mount Improbable (Искачување на Неверојатната Планина) (1996). Unweaving the Rainbow (Расплетување на виножитото) (1998). A Devil’s Chaplain (Служител на ѓаволот; зборник од есеи и статии) (2003). The Ancestor’s Tale (Приказната на предокот) (2004). The God Delusion (Бог како илузија) (2006). The Greatest Show on Earth: The Evidence for Evolution (Најголемото шоу на Земјата: докази за еволуцијата) (2009). The Magic of Reality: How We Know What's Really True (Магијата на реалноста: Како знаеме што е навистина точно) (2011).
Статии Viruses of the Mind (Вируси на разумот), 1991
Филмови Nice Guys Finish First (1987) The Blind Watchmaker (1987) Growing Up in the Universe (1991) Break the Science Barrier (1996) Коренот на сето зло? (The Root of All Evil?) (2006) Непријателите на разумот (2007) Генијалецот Чарлс Дарвин (2008)
Критика
Антирелигиозните работи на Докинс на повеќепати се критикувани од страна на верниците, вклучувајќи и биолози (К.Милер, Ф.Колинс, Д. С. Вилсон и др.), теолозите (А. Макграт, Р. Харис и др.), филозофите (А. Плантинга, А. Кенни, Т. Негел, М. Руз).
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Р. Докинс. Фонд на Р. Докинс. Руски портал за Р. Докинс . Dawkins R. Growing up in Ethology , автобиографска статија.
Категорија:Англиски биолози Категорија:Еволуционисти Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Родени во 1941 година Категорија:Членови на Кралското книжевно друштво Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Скептици