Алесандро Дел Пјеро (итал. Alessandro Del Piero; роден на 9 ноември 1974 во Конељано) — италијански поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Познат по својот прекар Пинтурикио кој го добил од Џани Ањели заради елеганцијата во неговиот стил на игра, Дел Пјеро уште од млада возраст се издвојувал како еден од најголемите таленти на својата генерација, и се смета меѓу најдобрите играчи во историјата на италијанскиот фудбал. Тој бил капитен на од 2001 до 2012 година, а токму со клубот од Торино освоил бројни трофеи на национално и меѓународно ниво, постигнувајќи гол во сите натпреварувања во кои учествувал и поставил апсолутен рекорд во клубот по бројот на голови (290)Понекогаш во вкупниот збир не влегува голот постигнат на 13 септември 1994 година против ЦСКА Софија во Купот на УЕФА, поради суспензијата на натпреварот, но истиот е признаен од УЕФА. и настапи (705).

Со италијанската репрезентацијата, тој забележал 91 настап и 27 гола, учествувајќи на три Светски првенства (1998, 2002 и 2006), станувајќи светски шампион на последното и четири Европски првенства (1996, 2000, 2004 и 2008), од кои на последното како капитен.

Со 346 постигнати голови во неговата кариера, Дел Пјеро е втор најдобар италијански стрелец на сите времиња веднаш зад Силвио Пиола (390),Тој би бил трет на ова рангирање ако се земе предвид Џорџо Кинаља кој, според некој извори, постигнал најмалку 398 гола; сепак, во случајот со Кинаља не се бројат неговите голови постигнати за Њујорк Космос, бидејќи североамериканското првенство познато како НАСЛ почитувало само некој правила наметнати од страна на ФИФА. и освоил четири титули за најдобар стрелец: во Лигата на шампионите во 1998 со 10 гола, во Купот на Италија во 2006 со 5 гола, во Серија Б во 2007 со 20 гола и во Серија А во 2008 со 21 гол.

Тој бил избран три последователни години (1995-1996, 1996-1997, 1997-1998) во тимот на годината според Европските спортски медиуми, додека здружението на фудбалски статистичари, го класифицира меѓу најдобрите фудбалери на сите времиња, рангирајќи го на 60-тото место. Во 2004 година, тој бил вклучен во ФИФА 100, списокот на 125-те најголеми живи играчи избрани од Пеле и од ФИФА по повод стогодишнината на федерацијата, а на Јубилејната анкета на УЕФА го заземал 49-тото место, анкета спроведена од УЕФА преку интернет за да ги прослави најдобрите фудбалери во Европа во претходните педесет години. Тој, исто така, бил вклучен шест пати меѓу 50-те кандидати за Златната топка, завршувајќи на четвртото место во 1995 и во 1996. Двапати бил избран за најдобар италијански фудбалер во 1998 и 2008 година, а во 2017 година бил вклучен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал.

Биографија

Дел Пјеро е роден во Конељано, во покраината Тревизо, но пораснал во Сакон, фракцијата на Сан Вендемјано. Алесандро е син на Џино, по занимање електричар, и Бруна, домаќинка. Тој има девет години постар брат, Стефано, кој исто така бил негов агент, и посвоена сестра. Тој поседува диплома за сметководство. Дел Пјеро е во брак со Соња Аморузо, сестрата на неговиот некогашен соиграч од , Никола, со која се оженил во тајност на 12 јуни 2005 година; парот има три деца Тобијас (р. 2007), Доротеја (р. 2009) и Саша (р. 2010).

Во 2006 година, за време на Зимските олимписки игри, тој бил носител на олимпискиот пламен. Дел Пјеро е пријател со музичарите Ноел и Лиам Галагер, а во 2007 година, тој се појавил како камео во видео-клипот за песната Lord Don't Slow Me Down од Oasis; во истата година, тој се појавил со соиграчите во филмот L'allenatore nel pallone 2. Во 2014, учествувал во епизода од австралиската серија Bondi Rescue.

Учествувал во бројни добротворни и солидарни иницијативи. Во 2006 година, тој го промовирал и финансиски го поддржал истражувањето на ракот, и во ноември истата година ја добил наградата „Верувајте во истражување“ од АИРК. Во 2011 година, тој го започнал проектот „Ale10friendsforJapan“, кој тој го дизајнирал за да им помогне на жителите на Јапонија погодени од цунамито. Учествувал и на бројни натпревари организирани за добротворни цели, како што е Partita del cuore.

Тој е меѓу најбараните спортски личности од компании кои сакаат да ја рекламираат својата марка. Бил заштитно лице на брендови како Адидас, Suzuki, FIAT, Bliss, Пепси, CEPU, Disney, Woolmark, Upper Deck и Uliveto. Тој, исто така, се појавил на насловните страни на некои изданија на фудбалски видео игри како FIFA и Pro Evolution Soccer.

Во 2000 година, тој бил најплатен фудбалер во светот, собрано вкупно помеѓу приходите од плата и рекламирање. Во 2011 година, тој бил втор најпопуларен фудбалер во Европа според IFFHS, зад Франческо Тоти, додека во една анкета од 2012 година, гласачите го избрале за „спортист кој најмногу го сакаат италијанците“.

Откако ги обесил копачките на клин, од 2015 година тој работи како стручен коментатор за телевизијата Sky Sport. Претходно, во 2014 година тој бил прогласен за „глобален амбасадор“ на Азискиот куп 2015. Тој, исто така, учествува на турнири резервирани за поранешни играчи, како што е Star Sixes, а од летото 2018 година поседува аматерски фудбалски клуб во Лос Анџелес, ЛА 10. Надвор од фудбалот, во 2013 година заедно со глумецот Патрик Демпси го основале автомобилскиот тим „Демпси/Дел Пјеро Рејсинг“, кој го направил своето деби истата година на 24 часа Ле Ман и во Американската Ле Ман серија.

Технички карактеристики Профил thumb|250px|Дел Пјеро постигнува гол од слободен удар против во натпревар од Лигата на шампионите. Плоден напаѓач, обдарен со извонредна техничка позадина и дух на жртвување, Дел Пјеро се издвојувал со одлична способност да одигра двојно додавање, со одличен дриблинг и асистенции за своите соиграчи; тој, исто така, е сметан за еден од најголемите специјалисти за изведување на слободни удари на својата генерација, за што претпочитал „растојание од дваесет метри од голот и директен удар, без било кој соиграч да ја допре топката“, најчесто наоѓајќи го вистинскиот пат на топката со искачување над живиот ѕид до голот на противникот. Тој е природен деснак, способен добро да шутира со обете нозе, а меѓу другото тој бил и одличен изведувач на пенали.

Позиција Дел Пјеро обично играл на позицијата втор напаѓач, што била и неговата најпосакувана улога на теренот, иако тој бил тактички разноврсен напаѓач, со добро движење и клиничка завршница, способен да игра било каде на предните позиции. Освен како втор напаѓач бил користен и како осамен напаѓач, крило и офанзивен играч од средниот ред.

Во својата младост, Дел Пјеро играл во популарното „триденте“ (тројца напаѓачи) во 4–3–3 формацијата на тренерот Марчело Липи, заедно со ветераните Џанлука Вијали, Роберто Баџо или Фабрицио Раванели, притоа најчесто бил користен како лев напаѓач или лево крило. Со доаѓањето на Зинедин Зидан, кој ја зазел улогата на офанзивен играч од средниот ред, формацијата на Јувентус била промената во 4-3-1-2, а Дел Пјеро дејствувал во нападот како втор напаѓач заедно со уште еден поофанзивен играч, како Кристијан Виери најпрво а последователно со Филипо Инѕаги. Откако изгубил дел од своето експлозивно темпо, брзина и агилност по неговата повреда во 1998 година, Дел Пјеро извршил режим на зајакнување на мускулите и тој презел покреативна улога, во комбинација со плејмејкерот Зидан, функционирајќи на слободна позиција, веднаш зад главниот напаѓач Инѕаги, под водството на Карло Анчелоти, во формацијата 3–4–1–2. иако бил обвинет од страна на некои медиуми за неисполнување на неговиот потенцијал по неговата повреда, поради намалениот број на постигнати голови, тој успешно се прилагодил на својата нова креативна напаѓачка улога како играч кој обезбедувал асистенции за својте соиграчи. Стилот на играње на Јувентус продолжил да се менува за време на вториот период на Липи на клупата на бјанконерите во 2001 година, но Дел Пјеро ја задржал својата улога како втор напаѓач иако често менувал позиции со замената на Зидан, Павел Недвед, во слободна креативна улога пред средниот ред, или повремено на левата страна, во 4-4–2 формацијата во која главен центарфор бил Давид Трезеге; последователно, тој имал слична улога и под водството на Капело и подоцнежните тренери, па дури и повремено се користел во повеќе напаѓачка улога како главен напаѓач, иако во некој периоди останувал и на клупата како замена заради неговата веќе поодмината возраст.

Гол „ала Дел Пјеро“ Посебен вид на гол, кој тој го постигнувал многупати во својата кариера, со шут од левиот агол на шеснаесеттникот погодувајќи го далечниот од голот при што ѝ дава многу ефе на топката, е колоквијално привлечен од спортскиот печат и објавен како гол „ала Дел Пјеро“ (или „гол како Дел Пјеро“): оваа дефиниција била воспоставена помеѓу 1995 и 1996 година, период во кој тогашниот новитет Дел Пјеро во неколку наврати постигнал голови со ваква завршница, дефинитивно покажувајќи се прво во Италија, а потоа и на европските терени. Терминот оттогаш често се користи за да се дефинираат постигнатите голови од страна и на други играчи, но на овој начин.

Прослава на головите Во неговата подоцнежна кариера, постигнувањето на головите, Дел Пјеро најчесто го славел трчајќи пред навивачите со раширени раце и со изваден јазик, на сличен начин како Мајкл Џордан, исто така честопати скокајќи во воздухот со крената тупаница кон небото, или лизгајќи се на колена, додека страсно извикува пред публиката.

Клупска кариера Почетоци и Падова

Тој започнал да ја шутира топката во парохискиот камп во Сакон, за потоа да игра во екипата од родниот град, Сан Вендемјано, каде и покрај својата млада возраст тој веднаш ја истакнал својата вештина, дури и ако мајката сакала тој да игра како голман, за да се поти помалку и да не се разболи. Свештеникот на селото, кој исто така бил и во дејство на претседател на тимот, зборувал за младиот играч со некои извршни директори на , првично залудно поради заблудата која кај нив ја предизвикала малото тело и витката фигура на момчето.

Во 1992 година, сепак, тој се преселил во Падова, каде бил вклучен во формацијата Алиеви (под 17 години). На 15 март 1992 година, на 17-годишна возраст, го направил своето деби во Серија Б под водство на тренерот Бруно Мација, заменувајќи го од клупата Роберто Путели во натпреварот против Месина. Својата прва професионална сезона ја завршил со 4 настапи во Серија Б. Во текот на следната сезона, на 22 ноември го постигнал својот прв гол за Падова, исто така негов прв во професионалната кариера, поставувајќи го конечниот резултат во победата со 5-0 над .

Јувентус 1993-1995: деби и освојување на националната двојна круна Во летото 1993 година, благодарение на Џампјеро Бониперти, тој бил купен од страна на за пет милијарди лири - потпишувајќи го неговиот прв професионален договор - на тој начин задоволувајќи му ја желбата на самиот играч да игра во клубот чиј обожавател бил отсекогаш. Иако тренерот Џовани Трапатони веднаш го приклучил во првиот тим, тој подоцна бил вклучен во формацијата Примавера каде бил трениран од Антонело Кукуреду, учествувајќи со екипата во освојувањето на Турнирот Вијареџо и Примавера првенството во 1994 година.

Во меѓувреме, го направил своето деби во Серија А на 12 септември 1993 година, заменувајќи го Фабрицио Раванели во 74-тата минута од натпреварот -Јувентус 1-1; три дена подоцна, во првото коло од Купот на УЕФА, тој го направил своето деби во европските натпреварувања, влегувајќи како замена во победата со 3-0 против Локомотив Москва. Една недела по своето деби во првенството, тој го постигнал својот прв гол за Јувентус, поставувајќи ги конечните 4-0 во победата на домашен терен над . На 20 март 1994 година, тој постигнал хет-трик во победата со 4-0 над : од тој момент, Дел Пјеро бил користен со поголем континуитет. На крајот од неговата прва сезона во црно-белиот дрес, поделена меѓу младинците и првиот тим, тој забележал вкупно 14 настапи во сите натпреварувања, и притоа постигнал 5 гола, сите во Серија А.