мини|десно|220п|Тапанаријата во Шјиан Шјианска тапанарија () — тапанарија во центарот на стариот град Шјиан во покраината Шенси, Кина која се издига среде градскиот центар и дава прекрасен поглед на Шјиан. Заедно со Шјианската камбанарија оваа кула претставува симбол на градот. Изградена е 1380 г. во раниот период на династијата Минг.
Тапанаријата го носи името по еден огромен тапан кој е сместен во неа. За разлика од камбанаријата чие ѕвоно се бие во мугри, тапанот се удира на зајдисонце за да се означи крајот на денот.
На првиот кат кулата има сала во која се обесени многубројни големи тапани. Секој од нив е украсен со разни кинески знаци што симболизираат добар касмет. Овие импресивни редици од тапани се само за изложување и не се допираат. Крај главниот влез е сместен уште еден тапан, каде што посетителите можат да се фотографираат.Тапанаријата во Шјиан
Кулата има и музеј на тапани, каде што се изложени најразлични видови на тапани, и некои од нив датираат од пред илјадници години. Секој ден тука се изведува претстава со тапани. Најгорниот кат овозможува панорамски поглед на градот.
Поврзано Шјианска камбанарија
Наводи
Категорија:Кинеска архитектура Категорија:Архитектура од 14 век Тапанарија