Активни оддели на ЖСД Работнички Фудбал Кошарка Ракомет РК Работнички - ракометен клуб од Скопје. Клубот се натпреварува во Супер лигата. Клубот своите домашни натпревари ги игра во Спортско рекреативниот центар Кале.

Историја Ракометниот клуб Работнички бил формиран во 1948 година. Работнички заедно со екипата на РК Пелистер претставуваат најстари ракометни клубови во Македонија. Се натпреварувал во Првата Југословенска лига, но подоцна западнал во тешки проблеми кои довеле до распад на клубот.

Во 2009 година клубот бил повторно активиран. Во август 2013 година, по повод 65 години постоење на клубот, за првпат во Скопје бил одржан ракомет на плажа во организација на РК Работнички и Град Скопје.Викендов, за првпат во Скопје ракомет на плажа kurir.mk 22 август 2013Прв турнир во ракомет на плажа во Скопје a1on.mk 22 август 2013 Во 2014 година, за идната сезона, клубот напреднал во Супер Лигата.РК Работнички административно во Супер лигата sportmedia.mk 3 јуни 2014 Во јули 2015, за новата сезона новиот претседател на клубот - Ристо Чокрев најавил поголеми засилувања при клубот би бил поголем конкурент во Супер Лигата.Се најавува нов голем „проект“ во македонскиот ракомет – РК Работнички! sport365.mk 3 јули 2015 Набргу потоа пристигнале новите засилувања меѓу кои и неколку репрезентативци.РК Работнички тргна со засилувања: Потпишаа браќата Марковски и Златко Мојсоски ekipa.mk јули 2015РК Работнички не се шегува, стигнуваат засилувања од Србија kurir.mk 8 јули 2015 Таа сезона 2015/16, Работнички стигнал до плејоф фазата и завршил на последното шесто место. Следната сезона, Работнички не освоил ниту еден натпревар во елитатата и отпаднал во Првата лига. Но Работнички во сезоната 2017/18 не пријавил екипа во вториот по ранг натпреваруња во Македонија. Во сезоната 2018/19, Работнички во Првата лига - Група 1 завршил на првото место и обезбедил пласман во Плејофот на Првата лига. Во Плејофот завршил како вицепрвак и добил право во баражот за унапредување кој го добил и бил унапреден повторно во Супер лигата.

Успеси Македонска републичка ракометна лига : Првак (5):1950, 1954, 1956, 1958, 1963. Куп на Македонија Првак (2): 1960,1977. Куп на Југославија : Вицепрвак (1):1959/60.

Галерија

Наводи

Надворешни врски РК Работнички на Facebook

Работнички Работнички