десно|thumb|200px|Двата ембрионални (зародишни) листови - котиледони се разликуваат од останатите. Дикотиледоните (науч. Dicotyledonae ) или магнолиопсидите (науч. Magnoliópsida) се класа на скриеносемени (цветни) растенија.
Морфолошки одлики
Дикотиледоните се одликуваат по присуството на два зародишни листови (котиледони) во ембрионот (оттука и името). Кај нив, за разлика од монокотиледоните, спроводните снопчиња се распоредени во прстен, а меѓу дрвесината (ксилемот) и флоемот се наоѓа посебно творно ткиво — камбиум, кој го дава секундарниот раст; листовите, по правило, се со мрежеста нерватура; бројот на цветните составни делови е 4 или 5-кратен. Односно, цветот е 4- или 5-член. Коренчето на ембрионот обично станува главен корен способен за долготраен опстанок; лиската е најчесто расчленета, а нејзините рабови испапчени или назабени. Меѓу дикотиледоните се среќаваат растенија со нетипични одлики, а понекогаш и со некои признаци кои се покарактеристични за монокотиледоните.
Систематика thumb|150п|десно|Градба на семето на дикотиледоните: a — обвивка, b — ендосперм, c — котиледони (дел од ембрионот), d — ембрион. Според APG
Palaeodicots Magnoliids Basal eudicots Rosids Basal rosids Eurosids I Eurosids II Asterids Basal asterids Euasterids I Euasterids II
Според Кронквист
Magnoliidae Hamamelidae Caryophyllidae Dilleniidae Rosidae Asteridae
Наводи