Глувци () — група на цицачи од редот на глодачи. Телесната должина се движи од 5 см (оризарски глушец, Micromys minutus) до 48 см (стаорецот Phloeomys cumingiEncyclopedia of Life: Muridae). Распространети се секаде на Земјата (убиквитарни), а повеќето видови се наоѓаат во шумите од тропските и суптропските предели. Внесени се во Јужна Америка и на многу острови.

Општи одлики

Тие се големи сештојади. Глувците се активни навечер и ноќе. Повеќето водат полунадземен начин на живот, хранејќи се со семиња, а некои со животинска храна. Некои се синантропни животни (домашен глушец, некои стаорци). Се размножуваат во топлиот период од годината, а во домовите на луѓето во текот на целата година. Стануваат полово зрели на 1,5-3 месеци.

Значење за човекот

Глувците се природни носители на голем број паразити и причинители на многу зарази кај човекот и домашните животни, меѓу кои и опасни инфекции. Нанесуваат штети на земјоделските култури и шумарството, уништувајќи ги производите и храната. Најголема штета нанесуваат глувците од родот Mus (како на пример домашниот глушец Mus musculus) и Microtus (Microtus arvalis). Мерките за контрола вклучуваат спречување на пристапот до храната, заплашување (создавачи на ултразвук: глувците го слушаат ултразвукот до 40 kHz) и регулација на бројноста со помош на стапици (познати некаде како ,,факови‘‘) и отрови.

Глувците дале огромен придонес во развитокот на науката. На овие животни се правени биолошки експерименти, се произвлеле противотрови и вакцини, се вршела проверка на дејството на лекарствата и други супстанци. Од 1990 година се создадени трансгенетски глувци. Со нив подобро се објаснува функционирањето на некој ген кој се испитува, или пак полесно се картира неговата активност.

Глушецот како тема во уметноста и во популарната култура Глушецот како мотив во книжевноста „Како мајката глувчица му барала невеста на својот син“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 141-147. „Глувци“ - расказ на италијанскиот писател Дино Буцати.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 43-49. „Стјуарт Литл“ - роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1945 година.Елвин Б. Вајт, Пајажината на Климентина. Скопје: Просветно дело, 2004. „Се карале глувците“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 24. „Глувче“ — песна за деца на Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 34. „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 50. „Лавот и глушецот“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69. „Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 10. „Лавот и глушецот (2)“ - басна на Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 91. „За глушецот“ (српски: О мишу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 78-80. „Итрото глувче“ — басна на Киро Донев.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 37-38. „Тагата и жалоста на еден глушец“ (српски: Туга и жалост једнога миша) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 81. „Марсовци и глувци“ - книга за деца на Славко Јаневски од 1959 година.„Библиографија на книгите за деца на Славко Јаневски“, во: Славко Јаневски, Како така? Зошто така? Сè да знае светов сакал!. Скопје: Темплум, 2014, стр. 151. „Итрото глувче“ — басна на Бошко Смаќоски.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 52. „Глувци и луѓе“ - роман на американскиот писател Џон Стајнбек.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13. „Семинар за глувци“ - расказ на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.Антологија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 134-149. „Семинар за глувци“ - збирка раскази на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес од 1977 година.Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281. „Глушец и жена“ - расказ на американскиот писател Дилен Томас.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 333-351. „Глувците на семоќниот бог“ - расказ на македонскиот писател Живко Чинго од 1963 година.Живко Чинго, Пасквелија. Скопје: Култура, 1968, стр. 165-174.

Глушецот како мотив во музиката „Три слепи глувчиња“ (англиски: Three blind mice) - песна на американската рок-група Бич Бојс (Beach Boys) од 1967 година.YouTube, Three Blind Mice - The Beach Boys (The SMiLE Sessions Disc 4) (пристапено на 25.8.2017) „Глушец во твојата дланка“ (англиски: Mouse In Your Hand) — песна на британската рок-група Disciplin A Kitschme од 1998 година.Disciplin A Kitschme – Heavy Bass Blues (пристапено на 12.9.2022) „Дури и глувците танцуваат“ (англиски: Even mice dance) — композиција на францускиот џез-музичар Мишел Петручијани (Michel Petrucciani).Michel Petrucciani, Dreifus Jazz, TIDE 9144-2, 1996.

Наводи

Категорија:Глодачи