Свети Апостол Тома е главна манастирска црква во гостиварското село Зубовце. Карактеристично за оваа црква е тоа што нејзиниот иконостас и иконите се изработени од бронза, лично од ктиторот, македонскиот академски сликар и вајар Томе Серафимовски. Оваа црква е една од ретките цркви во Македонија која го носат името на Апостол Тома.
Наводи
Категорија:Зубовце (Гостиварско) Категорија:Цркви во Општина Врапчиште Категорија:Македонската архитектура во 2008 година Категорија:Храмови посветени на Свети Тома во Македонија