Света Недела — главна манастирска црква на Теновскиот манастир во тетовското село Теново, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на истоименото возвишение, кое претставува граница помеѓу областите Горен и Долен Полог, кое денес претставува и атарска граница помеѓу селата Теново и Стенче.

Историја

Црквата е спомената во записите за старото село Стенче уште во средниот век, кога била приложена на тетовскиот манастир „Св. Богородица“.

Селаните во 1939 година подигнале параклис посветен на Света Недела на место каде некогаш имало стар храм и гробови.

Православните мештани оделе двапати годишно на местото каде некогаш се наоѓала црквата и таму палеле свеќи. Во минатото околу манастирските руини врзувале платно и се причестувале.

Црквата повеќепати била цел на кражби каде биле украдени пари и 9 вредни икони.

Архитектура

Црквата има трикорабна градба и камбанарија од западната страна, која е многу слична како селската црква „Св. Никола“ во Теново.

Фрескоживопис

Црквата има делумен фрескоживопис, кој е изведен во три фази. Најстариот слој е од 1937 година, кој е зачуван само во сводот и во олтарната конха. На јужниот ѕид има живопис од 1996 година, додека над западниот влез се наоѓа живопис од 2021 година.

Икони и иконостас

Црквата има иконостас.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Теново

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Света Недела во Македонија Категорија:Теновски манастир