За други значења видете Глобочица (појаснување)
Глобочица — вештачко езеро на реката Црн Дрим. Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 година.
Особености Браната е изградена од насипан камен, нејзината височина од темелот е 90 м, а од речното корито 82,5 м. Таа во основата е долга 270 м, на круната 202 м, а широчината на круната изнесува 6 м. Езерото е долго 12 км, најголемата широчина е 350 м, а просечната широчина 224 м. Во наведените рамки тоа зафаќа површина од 2,69 км2. При кота на максимално ниво на езерската вода (691,5 м) во него може да се акумулираат 68,3 х 106 м3 вода, при кота на нормално ниво (687 м) по 57,8 х 106 м2, а при кота на минимално ниво (682 м) се акумулираат 13,0 х 106 м3 вода. Наменето е за производство на електрична енергија преку хидроцентралата со моќност од 41,6 MW и за регулирање на протокот на Црн Дрим и нивото на низводно сместеното езеро Шпилје, со кое формира единствен електроенергетски систем.Стојмилов, А. (2002). „Физичка географија на Република Македонија“. ПМФ, Скопје.
Галерија
Поврзано Црн Дрим ХЕЦ Глобочица Глобочица
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:Глобочица Категорија:Дримкол Категорија:Дримски слив