Невродегенерација е заеднички термин за прогресивното губење на структурата или функцијата на невроните, вклучувајќи ја смртта на невроните. Многу невродегенеративни болести, вклучувајќи: Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и Хантингтонова болест, се случуваат како резултат на невродегенеративни процеси. Како што истражувањата напредуваат, многу сличности се јавуваат кои ги поврзуваат овие болести на субклеточно ниво. Откривањето на овие сличности нуди надеж за терапевтски напредувања кои можат да се применат на повеќе болести одеднаш. Постојат многу паралели меѓу различни невродегенеративни нарушувања вклучувајќи нетипични белковини, како и индуцирана клеточна смрт. Невродегенерацијата може да се најде на многу различни нивоа на невролошко поврзување, со опсег од молекуларно, па сè до системско.
Поврзано Протеопатија Нервен систем
Наводи
Категорија:Медицински поими Категорија:Невронаука Категорија:Неврологија Категорија:Болести на нервниот систем