Јасмина Гуњова (, ) — македонски изведувач на изворни и новосоздадени македонски песни.

Животопис Гуњова е родена во Штип на 26 септември 1966 година. Завршила нижо музичко училиште во Штип и дипломирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје во 1990 година. Пет години работела во средното Текстилно училиште во Штип, а од 1994 година живее во Скопје. Настапувала со КУД „Ванчо Прке“ од Штип и со женската пејачка група „Астибијана“. Учествувала на многу музички фестивали во Македонија, Првиот албум го снимила во 1994 година за Музичката и касетна продукција на МРТВ. Мајка е на син и ќерка.

Наводи

Надворешни врски Јасмина Гуњова на You Tube

Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски фолк пејачи