Делчевската Котлина или Пијанец — котлина и историско-географска област во источниот дел на Македонија, во горниот тек на реката Брегалница.А. Стојмилов, „Физичка географија на Република Македонија“, ПМФ, Скопје, 2003.
Географски особености Котлината има меридијански правец на протегање (југ – север) во должина 15–16 км, а ширина 4–5 км. Пијанец е тектонска котлина што настанала помеѓу планините Влаина од исток, Голак од запад и ограноци од Осоговските Планини на север. Од соседната Беровска Котлина е одвоена со хорстот – планината Бејаз Тепе и образува целина наречена Беровско-делчевска Котлина. Зафаќа површина од 590 км2. Дното на котлината е на височина 560–580 м. Во текот на плиоценот во котлината егзистирало езеро, кое кон крајот на плиоценот и почетокот на плеистоценот, почнува да истекува преку најнискиот дел предиспониран со раседнување, помеѓу ограноците на Голак и на Осогово, при што е создадена длабоката клисура на Брегалница. Континенталната клима е погодна за развој на овоштарството посебно за сливарствотоД. Манаковиќ, Т. Андоновски, „Релјефни одлики на источна Македонија“, „Географски разгледи“, кн. 17,Скопје, 1979..
Населени места и население во Пијанец Во Пијанец се наоѓаат 22 населени места, односно градот Делчево и уште 21 населено место — сите во составот на Општина Делчево.
На табелата е прикажано движењето на бројот на населението низ сите пописни години во Пијанец:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk . населено место 194819531961197119811994 2002ПИЈАНЕЦ1. Бигла7548447316774513432742. Ветрен4665154643102481691143. Вирче1.3271.4539068337466044984. Вратиславци25527524224315379325. Габрово9701.0046907707878297946. Град1.1781.3478998278016965347. Драмче8429968686975344162888. Ѕвегор1.1581.3017758379079499049. Илиово46656252841330417012710. Киселица553423435266167783511. Косово Дабје…15920719285352112. Нов Истевник49270166259241226214413. Очипала…2382301951411069214. Полето…16820017213511419415. Разловци1.1131.3441.1161.1431.06190682616. Селник286335314195131662817. Стамер34641326435738844734418. Стар Истевник9227724933542501377019. Тработивиште8671.03381369565657153320. Турија17219618217115312710221. Чифлик…1922182141386851ВКУПНО12.16714.27111.23710.1538.6487.1726.00522. Делчево3.1733.0333.1475.1048.06510.55411.500ВКУПНО 15.34017.30414.38415.25716.71317.72617.505
Поврзано Беровска Котлина
Наводи
Категорија:Котлини во Македонија Категорија:Историско-географски области во Македонија