Владимир Луков (Ценово, Русенско, Бугарија, ) е бугарски поет.

Животопис Луков е роден е на 2 јуни 1949 година во село Ценово, Русенско, Бугарија. Потомок е на депатрираната фамилија Чипови од Егејска Македонија (село Пателе, Леринско). Завршил географија и филозофија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работи како предавач по географија на Техничкиот универзитет од Софија, во филијалата во градот Правец. Поезија пишува и публикува од 1969 година. Како поет е претставуван во бугарски, француски и македонски списанија за литература и е застапуван во антологии. Бугарската литературна критика ја дефинира неговата поезија како „филозофска, енигматична“. Добитник е на почетна грамота и награда за поезија на Сојузот на слободните писатели во Бугарија - „Народни будители – 2006“. Неговото име е содржано во следневе публикации: Кој е кој во бугарската култура, Кој е кој во Бугарија и Атлас на бугарската литература. Член е на Сојузот на слободните писатели во Бугарија.

Библиографија Човекот со протези (поезија, 1992), Согледувачот (поезија, 1993), Безбожни овоплотувања (поезија, 1999), Пролом (поезија, 2001), Поромнување на сетилата (поезија, 2005), Провиденија (поезија, 2006, ИД „Макавеј“ – Скопје, полица – Балкански писатели), Траги од ветер (поезија, 2007), Зраци (поезија, 2009), Фибри од без краjот (поезија, 2011) Местото од каде што почнува бескрајот (Реалистични раскази, мисли, соништа, фантазии и истражувања / Филозофија на целоста и практика на олицетворението / Том I. Книга за (не)послушните), 2012 г. "Сончев поjас" (Скопjе, 2016, Изд. "Матица македонска")

Надворешни врски http://liternet.bg/publish14/v_lukov/index.html http://slovo.bg/showauthor.php3?ID=353&LangID=1 http://knigi-news.com/?in=pod&stat=6656&section=9&cur=

Категорија:Бугарски поети Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет