За други значења видете ВМРО (појаснување)
ВМРО — СДРМА — македонска конспиративна антикомунистичка младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстевски, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во независна македонска држава со поддршка од САД и од другите западни сили. Тоа било вградено во името на Организацијата - Самостојна Демократска Република Македонија под покровителство на Америка (СДРМА). Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии. До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во ПрилепскоСто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекинатаИван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993 .
Наводи
Категорија:Народна Република Македонија Категорија:Македонски политички организации