Глаголскиот прилог во македонскиот јазик е дел од простите глаголски форми. Глаголскиот прилог се образува од глаголи, но функционираат и како прилози. Карактеристично е тоа што се образуваат со -јќи и можат да се образуваат од несвршени глаголи.
Образување
Формите на глаголскиот прилог се образуваат од несвршени глаголи со додавање на наставката -јќи. Оваа наставка се додава на основната самогласка а кај глаголи од а-група и на основната самогласка е кај глаголи од е-група и и-група. Така на пример имаме „гледајќи“, „носејќи“, „миејќи“ и слично.
Особености Глаголскиот прилог е неменлива глаголска форма. Овој прилог се јавува како определба на глаголот со кој оди, негов означувач за паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма. Така на пример имаме „Гледајќи те тажен, размислував како да ти помогнам“.
Глаголскиот прилог и личната глаголска форма секогаш имаат ист подмет или вршител на дејство во реченицата. Ако подметот е искажан, тогаш тој се врзува за личниот глагол, како на пример „Одејќи на работа, Бобан видел огномет“, а не „Одејќи Бобан на работа, видел огномет“.
Наводи
Поврзано
Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик
Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.
Категорија:Глаголи во македонскиот јазик