Брашов (; ) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Брашов, а значаен е и градот Фагараш.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Поглед на градот Брашов Округот Брашов е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Харгита; на исток со: Ковасна; на југоисток со: Бузау; на југ со: Прахова и Д'мбовица; на југозапад со: Арџеш; на запад со: Сибињ; на северозапад со: Муреш.

Релјеф Округот се наоѓа во историската област Трансилванија. Брашов е претежно планински огрруг, особено на исток, каде што се издигаат Карпати, но во средишниот дел има плодни долини по горниот тек на реката Олт.

Демографија Округот спаѓа во групата на повеќенационални окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 87,2% од населението во округот, Унгарците 9%, Ромите 3%, а 0,8% се припадници на некоја друга етничка заедница.

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1920 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии настанати во 1925 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година