Констанца () е округ во Романија, сместен во југоисточниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Констанца, а значајни се и градовите Менџидија, Мангалија и Наводари.

Округот Констанца е најважниот приморски округ во Романија. Градот Констанца е единственото големо пристаниште во земјата, а во округот се наоѓаат сите познати летувалишта на Црното Море во земјата, како Мангалија, Мамаја, Ефорие и Тузла.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Поглед на градот Констанца и Црното Море Округот Клуж е приморски округ во Романија, а воедно и граничен кон Бугарија. Окружен е: на север со: Тулча; на југозапад со: Калараш; на запад со: Јаломица; на северозапад со: Браила.

Релјеф Округот се наоѓа во историската област Добруџа. Сместен е меѓу течението на реката Дунав, која го одвојува од областа Влашка и Црното Море. Во средишниот дел на округот ископан е каналот Чернавода-Негру Вода. Северниот дел на округот е рамничарски, а јужниот ридест.

Демографија Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои живее претежно романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 91% од населението во округот, а од останатите најбројни се Турците кои сочинуваат 3,4% од вкупното население, Татарите 3,2% и Ромите 1%. Останатите 1,4% се припадници на некоја друга етничка заедница.

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година