Општина Прилеп — општина во јужниот дел на Република Македонија и според површината е најголемата општина во Македонија и меѓу најголемите во Балканот. Градоначалник е Дејан Проданоски. Седиште на општината е градот Прилеп.
Географија
Сегашната територија на општината е составена од поранешните (до 2004 година) општини Прилеп, Тополчани и Витолиште. Општината опфаќа дел од Прилепското Поле (Пелагонија) и прилепскиот дел на Мариово.
Општината се граничи со Општина Чашка и Долнени на север, Кавадарци на исток, Кривогаштани, Могила и Новаци на запад и Грција на југ.
Општина Прилеп зафаќа поршина од 1 194,44 км2 и има 69,27 жители на км2 густина на населеност.
Населени места Во составот на општината влегуваат и 58 села: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.
мини|центар|Карта на општината со населените места.|392x392пкс
Стопанство
Земјоделство Земјоделието во Општина Прилеп е една од најразвиените стопански гранки. Најзастапени се следните земјоделски култури: тутунот, житните култури и бавчи. Сепак Општина Прилеп е најпозната во Република Македонија а и пошироко по тутунопроизводството кое зазема најголем дел од вкупното земјоделско производство. Затоа Прилеп е наречен град на тутунот.
+ Произведени жита, индустриски, градинарски и фуражни растенија во Општина Прилеп во 2023 година Култура Произведено (тони) Вкупно во Македонија (тони) Удел (%) Пченица 4 077 215 165 1,89 ’Рж 182 5 279 3,44 Јачмен 2 550 145 019 1,75 Сончоглед 1 067 5 950 17,93 Тутун 4 016 23 713 16,93 Компир 5 701 182 755 3,11 Кромид 1 860 61 030 3,04 Пиперки 11 754 247 417 4,75 Бостан 2 480 124 314 1,99 Луцерка 1 980 91 352 2,16
Туризам Во текот на 2023 година Општина Прилеп била посетена од 5.757 туристи, од кои 3.686 странски туристи и 2.2071 домашни. Најголемиот број од странските туристи потекнувале од Србија (524), Турција (387), Грција (377), Германија (248), Словачка (222) и Италија (206).
Сообраќај Низ Општина Прилеп поминуваат следниве патишта:
А патишта: А1: делница Градско-Прилеп. А3: Охрид-Ресен-Битола-Прилеп-Велес-Штип-Кочани-Македонска Каменица-Делчево-граница со Бугарија.
Р1 регионални патишта: Регионален пат 1101: Прилеп-Битола-Макази-Царев Двор. Регионален пат 1107: Градско-Росоман-Кавадарци-Витолиште-Ново Лагово. Регионален пат 1303: Прилеп-Македонски Брод-Кичево. Регионален пат 1306: Прилеп-Кривогаштани-Крушево-Сладуево. Регионален пат 1312: Велес-Извор-Прилеп.
Р2 регионални патишта: Регионален пат 2338: Меџитлија-Гермијан-Старавина-Градешница-Бешиште. Регионален пат 2339: Ново Лагово-Галичани-Обршани-Бучин-Граиште.
Р29 регионални патишта: Регионален пат 29172: Беловодица-Дуње. Регионален пат 29374: Варош-Манастир Св. Богородица (Трескавец).
Железница мини|десно|Железничка станица Прилеп Со железничка линија Прилеп е поврзан со Велес на север, и Битола на југ. Железничка станица покрај во градот Прилеп има и во селото Галичани.
Во периодот пред Втората светска војна поради економскиот развој во регионот биле преземени многу активности за градење на железничката мрежа. Во тој период пуштени се во сообраќај и пругата Прилеп – Битола на 07.04.1931, а нешто покасно и пругата Велес – Прилеп на 20.01.1936 година.
Демографија
Седиште на општината е градот Прилеп.
Според податоците од последниот попис, Општина Прилеп во 2021 година, има 69.125 жители, од кои: 20022021НАРОДброј%број%ВКУПНО76.76810069.025100Македонци70.87892.3258.34984.53Роми4.4335.773.9665.75Турци9171.191.0601.54Албанци220.031270.18Бошњаци860.111170.17Срби1720.221130.16Власи170.02300.04останати2430.323040.44лица без податоци†//4.9597.18
мини|десно|270п|Демографска карта на општината.
Според полот 34 208 (49,5 %) жители се мажи, 38 817 (50,4 %) се жени.
Вероисповед Вкупно православни 50.869христијани7.550 муслимани 5.063 католици 150 протестанти 45евангелисти116 останати 273лица без податоци4.959Вкупно69.025 Населени места ВКУПНО Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Останати1Општина Прилеп69.02558.3491271.0603.966301131173044.959Алинци1711611 - - - - - -9Беловодица1515 - - - - - - - -Беровци3653401 - - - - -123Бешиште1414 - - - - - - - -Бонче22181 - - - - - -3Вепрчани21 - - - - - - -1Веселчани3634 - - - - - - -2Витолиште4141 - - - - - - - -Волково34331 - - - - - - -Врпско - - - - - - - - - -Галичани1931841 - - - - - -8Голем Радобил9685 - - - - - - -11Големо Коњари613592 - - - - - - -21Гуѓаково - - - - - - - - - -Дабница22 - - - - - - - -Дрен109 -1 - - - - - -Дуње105 - - - - - - -5Ерековци217197 -3 - -11312Живово - - - - - - - - - -Загорани102100 - - - - - - -2Кадино Село23722411 - - - -110Кален55 - - - - - - - -Канатларци1.202792973 - - -102 -46Клепач91881 - - - - - -2Кокре - - - - - - - - - -Крстец - - - - - - - - - -Крушевица41281 - - - - - -12Леништа22 - - - - - - - -Лопатица19181 - - - - - - -Мажучиште2752514 - - - - -416Мал Радобил - - - - - - - - - -Мало Коњари6185762 - - - - -237Мало Рувци22 - - - - - - - -Манастир33 - - - - - - - -Марул1514 - - - - - - -1Никодин11 - - - - - - - -Ново Лагово2242071 - - -4 -48Ореовец2323 - - - - - - - -Пештани11 - - - - - - - -Плетвар98 - - - - - - -1Подмол1101041 - - - - - -5Полчиште66 - - - - - - - -Прилеп63.30854.028106823.96630107142834.692Прилепец44 - - - - - - - -Присад44 - - - - - - - -Ракле22 - - - - - - - -Селце271262 - - - - - -36Смолани - - - - - - - - - -Старо Лагово3027 - - - - - - -3Топлица - - - - - - - - - -Тополчани3102972 - - - - -110Тројаци77 - - - - - - - -Тројкрсти3936 - - - -1 - -2Царевиќ - - - - - - - - - -Чаниште2120 - - - - - - -1Чепигово149144 - - - - - -14Чумово66 - - - - - - - -Шелеверци66 - - - - - - - -Штавица4135 - - - - - - -6 1. Лица за кои податоците се преземени од административни извори.
Општествени установи
Локална самоуправа
мини|Зградата на Општината и споменикот на Методија Андонов - Ченто
Градоначалник на општина Прилеп е Дејан Проданоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 27 члена.
Буџет на општината Во 2021 година, вкупните буџетски расходи на Општина Прилеп изнесувале 1.4 милијарда денари од кои 79,6% биле тековни расходи. Од вкупните буџетски расходи, 49,19% биле расходи за плати на вработените во општинската администрација, 27,43% биле расходи за набавка на стоки и услуги, 15,81% биле капитални расходи и 7,57% отпаѓале на други расходи. Во структурата на буџетските приходи, 17.68% биле даночни приходи, 63.41% биле трансфери од другите нивоа на власт, 6.63% неданочни приходи, 9.85% приходи од продажба на земјиште и 2.43% донации.Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година објавен во Службениот гласник на Општина Прилеп.
Дефицит На крајот од 2021 година, вкупниот долг на општината изнесувал 3.4 милиони денари.
Образование мини|десно|ООУ „Рампо Левката“ Во општина Прилеп функционираат следниве основни училишта: ОУ „Кочо Рацин“ - Прилеп ОУ „Климент Охридски“ - Прилеп ОУ „Кире Гаврилоски-Јане“ - Прилеп ОУ „Гоце Делчев“ - Прилеп ОУ „Блаже Конески“ - Прилеп ОУ „Добре Јовановски“ - Прилеп ОУ „Рампо Левката“ - Прилеп ОУ „Круме Волнароски“ - Тополчани ОУ „Страшо Пинџур“ - Мало Коњари ОУ „Кирил и Методиј“ - Канатларци
Историски извори Во историските извори Прилеп за прв пат се споменува во 1014 година. Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот. Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море. Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговско-каравански пат по кој од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун. Низ вековите, на овој простор се среќавале и се судирале хеленската, римската, византиската и словенската култура.
Најпретставителните споменични комплекси од античкиот период се наоѓаат на локалитетите “Бедем” во с. Чепигово, “Безистен” меѓу селата Прилепец и Волково, како и во самиот град. На неколку локалитети се утврдени и остатоци од античките градови Стибера, Алкомена, Керамија и Колобанса.
Според застапеноста на културно-историските споменици, ништо помалку значаен не е ниту периодот на средниот век. Тука спаѓаат црквите Св.Никола, која датира од 13 век, Св.Успение на Богородица во манастирот на Трескавец со претставителни фрески од 15, 16 и 19 век, како и манастирот со црквата Св.Преображение која се наоѓа над селото Зрзе. Најзначајниот комплекс од културно-историски споменици се наоѓа во самиот град,кој бил центар на пошироката политичко-територијална организација и значајно политичко и воено престојалиште на македонскиот Цар Самоил. Комплексот споменици на средновековниот Прилеп го зафаќа просторот на стеновитото возвишение Маркови Кули и околните простори со локалитететите Поткули, Варош и Заград. На возвишението Маркови Кули се наоѓа една од петте најголеми балкански тврдини, составена од три одбрамбени појаси и повеќе кули и порти.
Најголемиот подем во својата средновековна историја Прилеп го доживеал во последната четвртина од 13 и првата половина на 14 век. Резултат на таквиот растеж се значајните споменици од тој период, како што се единственото наоѓалиште на остатоци од словенска населба од 10 век, црквата Св.Архангел Михаил со фрески од 11 век,како и црквите Св.Димитрија и Св.Никола во која се наоѓа и фрескоживописот од 13 век. Во деветнаесеттиот век во градот се формирал трговски центар со познатата Стара чаршија. Во периодот на македонската културна и национална преродба, Прилеп претставувал значајно средиште на словенската, односно македонската писменост, литература и култура. Од тој период од посебно значење е просветителската дејност која во Прилеп ја изврушувале македонските преродбеници Јордан Хаџи-Констатинов Џинот, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов и Кузман Шапкарев како и дејноста на познатиот собирач на македонски народни умотворби Марко Цепенков.
Во илинденскиот период градот бил средиште на македонското национално и ослободително движење. Прилеп и прилепско во тој период дале десетици револуционери и борци,меѓу кои и Пере Тошев, Ѓорче Петров, Мирче Ацев и многу други.
На 11 октомври 1941 година во Прилеп, со нападот на Участакот, започна вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор за негово национално ослободување и самостојност. Могилата на непобедените, како еден од најмонументалните споменици во кој се погребани посмртните останки на повеќе од 650 борци од овој крај претставува значајно сведоштво за масовното и пожртвувано учество на луѓето од овој крај во ослободителната војна.
Својот најзначаен подем и растеж Прилеп го доживеа во времето на слободниот повоен развој кога и израсна во значаен политичко-административен, културно-образовен, научен и стопански центар во Република Македонија. На македонската книжевност Прилеп и подари повеќе од 25 писатели, на ликовната уметност дваесетина сликари и вајари, а на македонската научна мисла повеќе признати научни работници.
Резултат на евидентниот развој е и дејноста на Економскиот факултет, но и на другите две научни институции: Институтот за тутун и Институтот за истражување на старословенската култура.
Манифестации
Карневал Прочка