мини|десно|300п|Областите на Македонското Кралство. Линкестида — древна област во Горна Македонија што се протегала по средниот тек на реката Црна (Еригон), во јужниот дел на Пелагонија, со планината Баба на запад, јужниот дел на висорамнината Мариово и Кајмакчалан на исток''Lj. Popovic, Deux reliefs funeraires de Macedoine, ŽA VII/2, 1957, 252R. Vasic, Contribution to the dating of the two Attie Gravereliefs found in Macedonia, ŽA XXI/1, 1971, 279''. Низ неа минувал познатиот антички пат Вија Егнација и преку нискиот премин Кирли-Дервен продолжувал кон Еордеја на југ. Тука живеело горномакедонското племе Линкести. Главен, а можеби и единствен вистински град во оваа област бил Хераклеја ЛинкестисИ. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Макропроект „Историја на културата на Македонија“, МАНУ, Скопје, 1999, основан од кралот Филип II Македонски. Од Линкестида се зачувани засега најстарите релјефи на надгробни стелиФ. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
Поврзано Линкести Хераклеја Линкестис
Наводи
Категорија:Области во Античка Македонија