Битката кај Бафеј (турски: Koyunhisar Savaşı) се одвила на 27 јули 1302 година помеѓу силите на Османлиското Царство на чело со Осман I и силите на Византија на чело со Георг Музалон. Битката завршила со победа на Османлиите, која го најавила постепеното заземање на византиската територија во корист на Османлиите. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите Никеја, кој бил империјален град и Бурса.Kazhdan (1991), pp. 1539–1540 Турските напади претставувале и закана за градот Никомедија. За да го спречи ова, царот Андроник II Палеолог (1282-1328) испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.Kazhdan (1991), pp. 251, 1421Nicol (1993), p. 126

Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на 27 јули година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, притоа принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.Nicol (1993), p. 126

Наводи

Категорија:Судири во 14 век Категорија:Византија во 14 век Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Византија Категорија:Византиско-османлиски војни Категорија:Витинија во средниот век Категорија:Битки во средновековна Анадолија Категорија:Отоманското Царство во 14 век Категорија:Европа во 1302 година