Битката кај Пелеканон се одвила од 10 јуни до 11 јуни 1329 година помеѓу силите на Византија предводени од Андроник III Палеолог и Османлиите предводени од Орхан I. Во битката византиската војска била поразена.

Во времето на Андроник, териториите на Византија значително се намалиле на сметка на Османлиите. Византија територијално се простирала кон Егејско Море до околината на градовите Никомедија кој се наоѓал на околу 150 километри од главниот град Цариград. Андроник одлучил да покрене иницијатива за да ги ослободи Никомедија и Никеја. Така, двете страни се сретнале кај Пелеканон. Во битката најголемиот дел од турската армија се повлекла кон планините, северно од бојното поле. На Андроник му се отворил патот за неговиот поход. Сепак, дополнителните престелки помеѓу двете страни ги принудиле византијците да се повлечат кон Цариград.

Кампањата на Византија била целосно прекинета. Византиската војска никогаш подоцна не направила повторен обид за враќање на азиските територии. Поранешните престолнини, никомедија и Никеја не биле поштедени и одржувањето на Босфорот било ставено под прашање. На овие простори, Турците постепено започнале да градат свои бази, кое подоцна ќе доведе до целосно уништување на Византија.

Наводи

Категорија:Судири во 14 век Категорија:Византија во 14 век Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Византија Категорија:Византиско-османлиски војни Категорија:Витинија во средниот век Категорија:Битки во средновековна Анадолија Категорија:Отоманското Царство во 14 век Категорија:Европа во 1329 година