Опсада на Белград (унгарски: Nándorfehérvári diadal, турски: Belgrad kuşatması) — втор обид на Отоманското Царство да го освои градот. Опсадата на градот траела од 4 јули до 22 јули 1456 година.Момчило Спремић, Ђурађ Бранковић и његово доба, Српска књижевна задруга, Београд 2002. По Падот на Цариград, главен противник на Османлиите станало Кралство Унгарија. Султанот Мехмед II со својата огромна војска се упатил кон Смедерево, кој град бил престолнина на Српското Деспотство, и Белград кој претставувал најголемото унгарско упориште на јужната страна од својата граница.

Големите османлиски сили не ги дочекале обединети христијанските армии. Дури ниту самата Унгарија не постигнала договор околу заедничката војна против Османлиите. Војската која била бранета Белградската тврдина била предводена од Јанош Хуњади, како и мал дел од српските сили на деспотството.

Еден од најзначајните настани од оваа опсада било уништувањето на османлиската флота на 14 јули 1456 година на реката Дунав. Согледувајќи дека градот нема да можат да го освојат преку Дунав, Османлиите се решиле да нападнат со сите свои сили по копнен пат на 21 јули. Опсадата на Белград, подоцна, била опишена како решавачка судбина за христијанството од страна на Папа Каликст III.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Отоманското Царство во 15 век Категорија:Судири во 15 век Категорија:Историја на Белград Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Унгарија Категорија:Битки во Османлиско-унгарските војни Категорија:Битки во Османлиско-српските војни Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Опсади на Србија Категорија:Битки на Србија Категорија:Европа во 1456 година Категорија:Битки на Мехмед II