Сметачката мрежа (или едноставно мрежа) е збир од сметачи и уреди поврзани со комуникациски канали кои ја олеснуваат комуникацијата меѓу корисниците и им овозможува на корисниците да делат ресурси со други корисници. Мрежите можат да бидат класифицирани според широкиот спектар на одлики. Оваа статија дава општ преглед на видови и категории на мрежи и ги презентира основните компоненти на мрежата.

Вовед Мрежа претставува систем кој овозможува комуникакација помеѓу два корисници или машини. Во светот на сметачките мрежи, потребно е детално дефинирање на правилата за комуникација; сметачите кои меѓусебно комуницираат мора да ги познаваат овие правила, како и луѓето кои зборуваат на ист јазик за да комуницираат без проблеми.

Ако сметачите не се разбираат меѓусебно, не може да се оствари нивно поврзување и мрежените сервиси, како сто се пристапот кон интернет, делењето на податотеки и папки или печатењето, не се возможни.

Секој од последните 3 века бил доминиран од една технологија; во 18 век тоа биле механички системи кои ја придружувале Индустриската револуција, во 19-тиот тоа била парната машина , додека во 20 век дистрибуцијата на информации. Помеѓу другото се развил глобален телефонски систем, се појавиле радиото и телевизијата, раѓањето и експанзијата на сметачката индустрија и користењето на комуникациските сателити. Како резултат на брзиот технолошки развиток овие области брзо конвергираат една кон друга и се губат разликите помеѓу прибирање,пренесување, чување и обработка на информациите.

Организациите со стотици оддалечени локации преку пошироки географски области, очекуваат да бидат во можност да пристапуваат и ја испитуваат состојбата на било кое нивно оддалечено одделение на најлесен начин. Компјутер кој е поврзан во мрежа се нарекува работна станица. Како што се зголемува способноста за прибирање, обработка и дистрибуција на информациите, уште побрзо се зголемуваат барањата за пософистицирано обработка на информациите.

Иако сметачката индустрија е сè уште релативно млада во споредба со другите индустрии (автомобилската или авио-индустријата), сметачите направија спектакуларен прогрес за релативно кратко време. Во текот на првите две декади од нивното постоење, сметачките системи биле централизирани, и сместени обично во една голема просторија. Не толку ретко, оваа просторија имала и стаклени ѕидови преку кои посетителите можеле да фрлат поглед на големото електронско чудо кое се наоѓало внатре. Средноголемите компании или универзитетите можеле да имаат еден или два сметачи, додека поголемите институции дури и повеќе.

Идејата дека во текот на дваесет години подеднакво моќни сметачи помали од поштенска марка масовно ќе се произведуваат и продаваат била чиста научна фантастика.

Мешањето на сметачите и телекомуникациите имало големо влијание на начинот на кој се организирани сметачките системи.

Стариот принцип на единствен сметач кој ги опслужува потребите на целата организација се заменува со модел на голем број на одделени и поврзани сметачи.

Поимот „сметачка мрежа“ означува множество на автономни сметачи поврзани со посредство на иста технологија.http://www.answers.com/topic/computer-networking

За два сметачи се вели дека се поврзани ако се во можност да разменуваат информации.

Разликата помеѓу сметачката мрежа и дистрибуираниот систем е што кај дистрибуираниот систем ‐ множеството од самостојни сметачи се претставуваат на корисникот како еден кохерентен систем.

Познат пример за дистрибуиран систем би бил World Wide Web, каде што сè претставува документ (мрежно место).

Во сметачката мрежа на корисниците им се презентира актуелната машина, без обид за претставување дека машините изгледаат и се однесуваат како една.

Ако машините имаат различен хардвер и различни оперативни системи, тоа е потполно видливо за корисниците.

Ако корисникот сака да извршува програма на оддалечена машина поврзана на сметачка мрежа, потребно е да се најави на машината и да го изврши на неа.

Мрежата може да поврзува сметачи , печатачи, оптички уреди, скенери и друга опрема.

Предност при користењето на мрежите е овозможеното делење на ресурсите, односно печатачите, тврдите дискови и апликациите може да се делат и со тоа да се намалат трошоците со што ќе се овозможи пристап на секој корисник во организацијата.

Сметачката мрежа е изградена околу концептот на испраќач – извор (sender ‐Source), кој врши испраќање на податоци кон примател, односно одредишен сметач (receiver –destination computer).

За да уредите учествуваат во комуникацијата на мрежата, треба да постои начин за пренесување на информациите помеѓу себе.

Во повеќето мрежи, се користат кабли за поврзување на уредите, при тоа можат да бидат поврзани со единствен кабел кој ги поврзува сите или пак каблите да го поврзуваат секој уред со централна локација. Каблите се направени од бакарни жици, а се користат и други видови на медиуми: стакло или пластика, а од неодамна се користат радиобранови и микробранов пренос.

Поврзувањето на две или повеќе мрежи кои се способни да комуницираат меѓусебно се нарекува умрежување (internetwork). Умрежувањето е способност различни мрежи да комуницираат со користење на специјален хардвер или софтвер.Larry Roberts and Tom Merrill, Toward a Cooperative Network of Time-Shared Computers (Fall AFIPS Conference, October 1966)

Сметачките мрежи може да се поделат на три главни категории: Локална мрежа (Local Area Network ‐LAN)-мала мрежа составена од сметачи и уреди во склоп наедна зграда или кат. Метрополитен мрежа (Metropolitan Area Network ‐MAN) -умрежување на повеќе LAN мрежи со брзи врски преку област на еден град. Глобална мрежа (Wide Area Network –WAN) -поврзува локални мрежи со користење на јавна телефонска мрежа.

Локалните, метрополитен и WAN мрежите се меѓусебно различни. Покрај тоа што покриваат различни типови на инсталации и користат различни уреди како и различен начин на одржување.

Уредите во состав на една локална мрежа може да бидат релативно евтини и лесни за одржување и обично доволно е еден корисник за одржување. Во помалите мрежи, доволно е еден корисник да преземе покрај своите работни обврски и одговорност за одржување на мрежата, додека во средните и поголемите организации, постои потреба од администратори за обезбедување на техничка поддршка и одржување.

Во поголемите мрежи како што се МАN и WAN, постои пософистицирана мрежна опрема за одржување и во цената на инвестицијата на овие мрежи влегуваат и трошоците за долговремено одржување и администрација, а постои потреба и од барем еден професионален мрежен администратор.

Многу од корисниците инсталираат и домашни сметачки мрежи ,,Home area Networks – HAN’’, кои им овозможуваат поврзување на различни електронски уреди како што се сметачи и нивни периферии, телефони, видеоигри, домашни безбедносни системи и интелигентна техника.

Безжичните локални мрежи им овозможуваат на корисниците да се поврзуваат кон мрежните ресурси без инсталација на кабли или ожичување. Тука се користат безжични уреди наречени ,,пристапни точки’’(Access Points), за примопредавање на податоците. Во зависност од големината на компанијата или објектот, може да постојат една или повеќе локални мрежи. Компанијата која е сместена во објект со повеќе катови и стотици вработени може да има локална мрежа на секој кат. Помеѓу секој кат, за поврзување на локалните мрежи може да се користат уреди како што се мостови (bridge) или насочувачи (router).

Локална мрежа

Една локална мрежа (LAN) е мрежа која ги поврзува компјутерите и уредите во ограничена географска област како што се домот, училиштето, компјутерска лабораторија, деловен објект или блиску позициониран комплекс од згради. Секој компјутер или уред во мрежата е еден јазол. Сегашните жичени мрежи речиси се засновани на Ethernet технологијата, иако новите стандарди како ITU-T G.hn исто така обезбедуваат начин за со здавање на жичена LAN мрежа користејќи ги посточките жици инсталирани во вашиот дом ( коаксијални кабли, телефонски жици и жици за струја).New global standard for fully networked home , ITU-T Press Release

thumb|Типична библиотечна мрежа, во разгранување дрво технологија и контролиран пристап до ресурси.

Сите меѓусебно поврзани уреди мора да се разберат на мрежниот слој (Layer 3), затоа што се справуваат со повеќе подмрежи (во различни бои). Оние во внатрешноста на библиотеката која има само 10/100 Mbit/s Ethernet поврзувања на корисничкиот уред и Gigabit Ethernet поврзување до централниот насочувач, може да се наречат "слој 3 прекинувачи", бидејќи тие имаат само Ethernet интерфејс и мора да ја разберат IP адресата. Поточно би било тие да се наречат насочувачи за пристап каде насочувачот кој е на врвот е дистрибуциски насочувач кој се поврзува на Интернет и на академските мрежи на корисничките насочувачи за пристап.

Дефинирачките одлики на LAN мрежите, за разлика од WAN (Wide Area Network) мрежите, вклучуваат повисоки стапки на пренос на податоци, помал географски опсег и нема потреба од закупени телекомуникациски линии. Сегашните Ethernet или било која друга IEEE 802.3 LAN технологии работат на брзини најмногу до 10 Gbit/s. Ова е стапка на пренос на податоци. IEEE има изтражувачки проекти за стандардизација на 40 и 100 Gbit/s.IEEE P802.3ba 40Gb/s and 100Gb/s Ethernet Task Force

Лични мрежи (Personal Area Network - PAN)

Лична локална мрежа (PAN) е компјутерска мрежа која се користи за комуникација меѓу компјутер и различни информационо технолошки уреди кои се во близина на една личност. Некои примери на уреди кои се користат во PAN се лични сметачи, печатачи, факс машини, телефони, PDA, скенери, па дури и конзоли за видео игри. PAN вклучува и жични и безжични уреди. Далечината на PAN се протега до 10 метри. Жичената PAN обично е изградена со USB и Firewire врски а додека технологиите како што се Bluetooth и инфрацрвени зраци се типични за безжичната PAN.

Домашна локална мрежа (Home Area Network - HAN)

Домашна локална мрежа (HAN) е станбена LAN која се користи за комуникација помеѓу дигитални уреди обично распоредени во домот, најчесто тоа се мал број на лични сметачи и дополнителна опрема, како што се печатачи и мобилни компјутерски уреди. Важна функција е споделувањето на Интернет пристап а често и сервисот за праќање пораки преку CATV или услужникот дигитална претплатнича линија Digital Subscriber Line (DSL). Таа, исто така може да се нарече како канцелариска мрежа (Office area network - OAN).

Глобална мрежа (WAN) Мрежата за пошироки области –глобални мрежи (Wide Area Network ‐WAN) поврзува две или повеќе локални или метрополитен мрежи преку врски обезбедени од локалниот телеком услужник. Во глобалната мрежа поврзувањето може да се изведе и со користење на кабли со оптички влакна или со безжични технологии.Internetworking Technologies Handbook, Fourth Edition - By Cisco Systems, Inc.

WAN-овите обично работат преку телефонската инфраструктура затоа што е можно покривање на поголема географска област, можат да поврзуваат градови и држави. Поврзувањето на LAN-ови и MAN-ови на големи далечни бара софистицирана опрема и координација. Во повеќето случаи постои телефонска компанија која врши обезбедување на физичка врска.

Поголемиот дел од овие мрежи комуницираат со брзини помеѓу 56Kbps и 1.5Mbps New global standard for fully networked home, ITU-T Press Release , иако се можни и повисоки брзини.

WAN мрежите ги имаат следниве одлики: Може да покријат поголема географска област. Во споредба со LAN-ови комуницираат со помали брзини. Пристапот кон WAN е ограничен; LAN-овите обично имаат една WAN врска која се дели на сите уреди. Се користат уреди како што се насочувачи, модеми и WAN преклопници.Computer Networks, Fourth Edition - By Andrew S. Tanenbaum p. Chapter 1-1.2.3 Wide Area Networks

Историја на сметачките мрежи