Бетар (Брит трумпелдор) била еврејска младинска организација во Македонија и функционирала како милитантна ревизионистичка ционистичка организација. Била формирана во Скопје во 1923 година и имала филијала во Битола.Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993 Поради милитантниот настап на нејзините членови, била непопуларна меѓу членовите на заедниците и во Скопје и во Битола. Во Скопје кенот го раководел Виктор Аврахам Касуто. Организацијата била во постојан судир со членовите на младинската организација „Хашомер Хацаир“.Zeni Lebl, Plima i slom iz istorije Jevreja Vardarske Makedonije, Gornji Milanovac, 1990

Наводи

Поврзано Историја на Евреите во Македонија

Категорија:Историја на Евреите во Македонија