мини|десно|300px|Областите на Македонското Кралство. Ботиаја — област во средишниот дел на Античка Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордеја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток, односно териториите меѓу реките Могленица (Лудија) и Вардар (Аксиј), со градовите Воден, Пела и Бер. Долниот тек на Бистрица и планинските венци на Каракамен и Пајак претставуваат нејзини природни граници.Strabo, Geography, Harvard University Press, 1959–1960 Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област во која првиот македонски крал Пердика, според пророштвото, треба да основа град – престолнината на македонските кралеви — Ајга, а исто така тука е и втората престолнина — Пела.Thucidides, 4 vols., Harvard University Press, 1958 Во римско време се споменуваат градовите: Кир, Скидра, Миеза, Ихне, Алор, Тириса и др.Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957
Поврзано Ематија
Наводи
Категорија:Долна Македонија Категорија:Области во Античка Македонија